Луѓето ќе зборуваат сѐ и сешто...

Луѓето ќе зборуваат сѐ и сешто.
Можеби ќе кажат дека не можеш да го направиш нешто.
Ќе најдат 1001 причина поради која не е возможно тоа што сакаш да го направиш.
Ќе ти наведат уште 100 други работи поради кои наводно не е изводливо тоа што сакаш да го направиш.
Не би требало да ги слушаш.
Навистина не е важно што мислат тие луѓе.
Следи го срцето и твојот внатрешен глас.
Следи сѐ себеси.
Слушни ги советите, но не се врзувај за нив.
Ако нешто можеш да научиш, тоа е супер.
Ако не и тоа е сосема океј.
Заблагодари се и продолжи понатаму, затоа што имаш своја цел.
Цени ги предлозите, но повторно самостојно одлучуваш!
Важно е да чувствуваш мир и навистина е важно да се сакаш себеси.
Важно е да веруваш во себеси и во своите способности, затоа што никој, ама баш никој не е толку свесен за своите моќи како што си ти.
И токму затоа, верувај!
Верувам во своето „јас“ и прифати го фактот дека е океј да бидеш поинаков.
Во ред да бидеш она што си, затоа што твојата душа е прекрасна.
Никогаш не го заборавај тоа.