Луѓе со црна аура: Најопасните луѓе на овој свет

Сечија аура може да биде замрачена со некоја сенка, но колку бојата е потемна, толку полоша е личноста.

Аурата не одредува кои сме, туку дава одговор на прашањето што сме, односно колку сме духовно развиени. Секој од нас има своја аура со одредена нијанса и како што се развива аурата, така се развиваме и ние. Секоја наша промена во свеста, емоциите, енергијата и постапките, има влијание на аурата.

Но, кои се луѓето кои имаат црна аура?

Црната аура се сфаќа како потполно негативна работа, но нема причина за страв. Луѓето со црна аура се енергетски вампири кои ја крадат енергијата од различни извори, кои шират негативна енергија и чиј енергетски дисбаланс остава последици како на нив самите, така и на нивното окружување.

Црната аура најчесто настанува со непочитување на сопственото битие, самокритика и понижување на себе и другите. Тогаш, негативноста почнува да го окружува телото и се создава црната аура. 

Ослободувањето од ваквата аура не е едноставно и не се случува преку ноќ и за тоа е потребно личноста сама да реши да го направи тоа. 

Ако имате околу себе вакви личности, држете се настрана. Не дозволувајте да бидете дел од нивната негативна енергија,  лоши сплетки и критики.