Луѓе сме, не си судете за грешките кои сте ги направиле

Минатото е минато. Секој од нас прави работи кои оставаат белег на тоа какви сме како луѓе, но не дозволувајте да си судите за некои од грешките кои сте ги направиле.

Живејте според своите убедувања и мисли. Секој од нас прави грешки, важно е да ги препознаеме и да ги си ги признаеме себеси, но и да научиме од нив. Најважно е да не ги повредуваме луѓето околу нас. Барем, не намерно.

Бидете добри кон себе, грешките се дел од сечиј живот и тие се тука да нè потсетат дека не сме совршени. Никогаш нема ниту да бидеме, не треба ни да се трудиме. Но, можеме да се обидуваме да се подобруваме секој ден и да бидеме подобри кон себе и кон другите.

Го живееме животот најдобро што умееме, деновите поминуваат, немаме уште еден и друг живот за да ги поправите работите тогаш. Тоа што го имаме се овие години живот во коишто не треба сите работи да ги сфаќаме пресериозно. Голем дел од нас го прават тоа. Се осудуваат за работите кои ги кажале, за тие што не ги кажеле, за делата кон другите, се обвинуваат постојано. 

Докажете си себеси дека можете да го постигнете тоа. Ако некогаш направите грешка, навратете се назад, сфатете што се случило и не очајувајте. Грешки нема да правите само ако не правите ништо во животот.