Лубеница – нашето омилено летно овошје

Во текот на летните денови ништо не може да нѐ освежи и да ни ги надокнади изгубените течности како парче сочна лубеница. Затоа, искористете го летниот период за почесто да ја конзумирате лубениицата.

Таа ќе ви помогне да го исчистите организмот од токсини, но и да намалите килограми. Сепак, водете сметка – откако ќе ја исечете, во фрижидер можете да ја чувате најмногу четири денови.

Лубеницата која е сочинета највеќе од вода е идеална нискокалорична намирница во текот на летните денови. Не постои подобар и повкусен начин за надокнадување на водата која ја губиме преку потењето во текот на летото. Лубеницата содржи и до 95 % вода, па иако моментално ја гаси жедта, нејзиниот сок се разградува по целото тело.

Освен вода и малку шеќери, лубеницата содржи и витамин А, Ц, витамини од групата Б, бета-каротен, калиум, калциум, фосфор и магнезиум, додека нејзините освежувачки својства произлегуваат од јаболчната и лимонската киселина.

Ова овошје е богато со многу антиоксиданти. Содржи витамин Ц, но и ликопен и бетакаротен кои помагаат во спречување на заболувањата како астма и воспаленија на дишните патишта. Спречува дури и делување на слободните радикали кои се најголемите виновници на болестите на дебелото црево, артритис, но и некои видови рак.

Ликопенот од лубеницата е многу делотворен антиоксидант кој ја дава црвената боја на ова овошје. Неколку истражувања покажуваат дека сокот од лубеница одлично влијае на работата на срцето, кога се зема како лек, но и кога се пие превентивно. Особено занимлива состојка е и аминокиселината цитрулин која во сложените метаболички процеси влијае на намалување на крвниот притисок и опуштање на крвните садови.

Доколку сакате да го исчистите својот организам и да ги намалите килограмите, лубеницата е најдоброто решение за тоа. Таа е одлично решение и доколку сакате да им помогнете на бубрезите и зглобовите.  Таа ги чисти и крвните садови од масните наслаги и целулит. Ваквиот начин на исхрана ги прочистува цревата, помага во нормализација на микрофлората и ја воспоставува Рн рамнотежата во крвта.

Сепак, внимавајте. Лубеницата содржи и шеќер, односно висок гликемиски индекс, што значи дека шеќерот мошне брзо доаѓа до крвта и може да го подигне нивото на шеќер во крвта. Затоа водете сметка за количината која ја конзумирате. Исто така, од презрелите плодови може да настане труење и за тоа треба исто така да внимавате.