Лошиот однос меѓу родителите е тоскичен за децата – ова се 5 причини зошто разводот е подобар избор

Истражувањата покажуваат дека децата кои растат во семејства со чести кавги меѓу мајката и таткото се потрауматизирани од оние кои растат со разведени родители.

Ова се неколку причини зошто некогаш разводот е најдобра опција.

Децата го преземаат моделот на однесување од родителите

Често слушаме дека децата впиваат како сунѓери и така ги преземаат обрасците на однесување од своите родители. Во оние семејства каде кавгите се секојдневие, децата се нервозни и исто така често навлегуваат во конфликти на училиште. Тоа е така бидејќи тие сметаат дека кавгите се одговор на сите проблеми.

Децата стануваат пречувствителни на стрес

Кога децата не се чувствуваат сигурно во сопствениот дом, тие  лесно стануваат чувствителни на стрес. Таквата анксиозност предизвикува кошмари, анкисиозност, а долготрајниот стрес предизвикува други физички и психолошки пореметувања.

Тешко воспоставуваат здрави и нормални односи

За децата кои растат во токсична средина, потоа во животот е многу тешко да изградат нормални односи со другите луѓе. Тоа особено се однесува на љубовта. Лошиот однос меѓу нивните родители може да ја наруши нивната перцепција за било кој однос кој тие ќе го имаат во животот.

Пробуваат да се ослободат некако од негативните емоции

Поради лошите односи внатре во семејството, тие развиваат негативни навики, само за да не мораат да се носат со нив. Тоа може да предизвика прејадување, претерано играње видео игри и други начини за бегство од реалноста. Некои деца можат да бидат негативни и насилни на училиште или да изгубат интерес за учење.

Се плашат од сопствените чувства

Некои од децата кои растат во вакви семејства, постојано бегаат од чувствата во животот. Тие се научени да функционираат во токсичната средина и тоа е тоа што постои за нив, не сакаат да размислуваат за љубов бидејќи мислат дека кавгите се дел од љубовта.