Лошата храна не убива!

Човекот не е вечен, до смртта ќе стигнеме сите, но изгледа дека ни пресудува она што секојдневно го јадеме (или не го јадеме).

Гардијан ги објави најновите резултати од големата студија за болестите кои го погодуваат човештвото, која покажа дека исхраната е причина за еден од пет смртни случаи во светот. Тоа значи дека милиони луѓе јадат премногу сол и шеќер, а не внесуваат доволно јаглени хидрати, житарки, овошје, семки, јаткасти плодови и рибино масло.

„Ова е голем светски проблем“, вели д-р. Кристофер Мареј, директор на Институтот за метрика и проценка на здравјето на Универзитетот во Вашингтон.

Меѓутоа, недоволното количество на здрави намирници во исхраната остава многу полоши последици по здравјето од консумирањето на нездравите.

Сепак, тоа е проблем кој во голема мера зависи и од економијата.

„Да го земеме овошјето за пример“, вели Мареј. „Тоа е многу корисно за здравјето, но само богатите јадат многу овошје, со по некој исклучок“.

Покрај исхраната, водечки фактори за ризик од смрт се и пушењето и високиот крвен притисок. Меѓутоа, студијата “The Global Burden of Disease”, дојде до некои охрабрувачки откритија: очекуваното траење на животот се продолжило и тоа на 75,3 години за жените и 69,8 години за мажите.

Исто така, опадна и бројот на смртни случаи поради инфективни болести.