Лоша вест за македонските сезонци кои сакаат да работат во Грција

Грчките власти ги гонат работниците „на црно“ со оглед на тоа што од следниот месец во земјата почнува да се реализира пилот програма во чии рамки ќе се провруваат сите прекршувања поврзани со непријавена работа.

Весникот „Етнос“ пишува дека претставници на повеќе ресорни министерства заеднички ќе проверуваат области во кои се претпоставува дека има најмногу „работа на црно“, како што се туризмот, рестораните, таверните, објектите за забава, баровите, трговијата и услугите. 

Податоците од минатите години покажуваат дека голем број на Македонци одат да работат во Грција за време на летната сезона, каде дел од нив работат на црно.