Љубовта е победник над сите чувства, а лудоста ја следи насекаде

Некогаш одамна, сите човечки чувства и квалитети се нашле на едно скриено место на Земјата. Кога ДОСАДАТА почнала да зева по трети пат, ЛУДОСТА, онаква каква што е, предложила: „Ајде да играмее криенка! Кој најдобро ќе се крие, ќе биде победник меѓу чувствата.“

ИНТРИГРАТА ја кренала десната веѓа, а ЉУБОПИТНОСТА не можела да премолчи и рекла: „Криенка, каква игра е тоа?“

ЛУДОСТА почнала да објаснува: „Тоа е една игра во која јас ги покривам очите и бројам до милион, додека сите не се скриете. Кога ќе завршам со броење, почнувам да барам и оној кој нема да го пронајдам е победник.“ 

ЕНТУЗИЈАЗМОТ почнал да ракоплеска, а по него почнало и ВООДУШЕВУВАЊЕТО да ракоплеска. СРЕЌАТА толку многу скокала што успеала да ги убеди и АПАТИЈАТА И СОМНЕВАЊЕТО да се приклучат, иако тие никогаш не се интересирале за ништо. Но, сите не сакале да играат. ВИСТИНАТА била против криење, зошто би се криела, кога сите на крајот пропаѓаат. ГОРДОСТА рекла дека тоа е глупава идеја, иако всушност проблемот било во тоа што таа не била онаа која прва се досетила на играта. ПРЕТПАЗЛИВОСТА не сакала да ризикува. 

И така ЛУДОСТА почнала да брои. 

Прво се сокрила МРЗАТА, која како и секогаш само се фрлила под првиот камен на патот.
ВЕРБАТА се качила на небото, ЗАВИСТА се сокрила во сенката на УСПЕХОТ, кој со маки се качил на врвот на највисокото дрво. 

ВЕЛИКОДУШНОСТА никако не можела да се одлучи каде да се сокрие, затоа што секое место се чинело совршено за некој од нејзините пријатели. УБАВИНАТА скокнала во прекрасното езеро, а СРАМЕЖЛИВОСТА скокнала низ пукнатините на едно дрво. СЛОБОДАТА се сокрила во ветерот, а СЕБИЧНОСТА пронашла место, но само за себе. ЛАГАТА се сокрила на дното на океанот (лаже, на крајот на виножитото), а КОПНЕЖОТ и СТРАСТА во кратерот на еден вулкан. ЗАБОРАВОТ заборавил да се сокрие, но тоа не е важно.

Кога ЛУДОСТА стигнала до 999.999, ЉУБОВТА сѐ уште не знаела каде да се скрие, затоа што сѐ било зафатено. Здогледала грмушка со рози и се пикнала меѓу цветовите. 

И конечно ЛУДОСТА престанала да брои и почнала да бара.

Прво ја пронашла МРЗЛИВОСТА, зад најблискиот камен. Потоа ја слушнала ВЕРБАТА како дискутира за теологија со Бог, а СТРАСТА И КОПНЕЖОТ излегле од кратерот бидејќи биле исплашени. Случајно тука се нашле и ЗАВИСТА и УСПЕХОТ, а СЕБИЧНОСТА не морало ни ја бараат, бидејќи сама излегла од своето совршено место, кое излегло дека е кошница со пчели.

Од толку барање, ЛУДОСТА ожеднела и тоа во езерото ја пронашла УБАВИНАТА. Со сомнежот било најлесно, затоа што тој никако не можел да се одлучи и останал да седи на еден камен во близина. И така ЛУДОСТА ги пронашла речиси сите. ТАЛЕНТОТ во житото, ТЕШКОТИЈАТА во длабоката трева, ЛАГАТА на крајот на виножитото (каже, била на дното на океанот), а ЗАБОРАВОТ заборавил дека воопшто нешто играле. 

Само ЉУБОВТА никој не можел да ја пронајде. ЛУДОСТА барале насекаде и веќе била бесна кога ја здогледала грмушката со рози. Влегла меѓу розите, фатила една сува гранка и од бес и умор, почнала да удира по прекрасните цветови. Одеднаш се чул болек крик. Трнот на розите ги изгребало очите на ЉУБОВТА. ЛУДОСТА не знаела што да прави. Го пронашла победникот, чувството над чувствата, но ЉУБОВТА станала слепа. 

ЛУДОСТА плачела и ја молела ЉУБОВТА за прошка. На крајот одлучила засекогаш да остане покрај ЉУБОВТА и да ѝ помага. Така ЉУБОВТА станала победник над чувствата, но останала слепа, а ЛУДОСТА ја следи насекаде.