Љубовта денес е многу поретка од порано

Луѓето денес се заљубуваат многу поретко од порано. Уште полошо, дел од младата генерација речиси и потполно се откажува од таквите работи. Ова се резултатите на повеќе истражувања направени во различни делови од светот, но тоа можеме да го забележиме и самите.

Американските истражувачи Џин Твинџ, Рин Шерман и Брук Велс во списанието “Archives of Sexual Behavior”, го објавија истражувањето според кое во денешно време луѓето имаат за 4 пати помалку партнери за разлика од деведесетите.

Истражувањето спроведено во Велика Британија исто така покважува дека најголем дел од луѓето на возраст од 16-44 години имаат секс помалку од пет пати месечно.

Според истражувањата спроведени во Јапонија, 46% од жените и 25% од мажите на возраст од 16-25 години целосно се откажале од сексот.

Кои се причините?

Според едно истражување, причините за тоа се наоѓаат во порно-индустријата, која за голем дел од луѓето стана како замена за реалниот живот. Други пак, ги обвинуваат социјалните мрежи, а некои истражувања посочуваат дека телевизорот во спалната соба исто така предизвикува намалување на желбата за секс.

Според некои експерти, стресот е оној кој има најголемо влијание на сексуалната желба на мажите и жените. Доколку на тоа се додаде незадоволството од работата, тогаш либидото е уште повеќе намалено.