Понекогаш минува доста време пред да сфатиме што точно сакаме од љубовта и кое однесување за нас е прифатливо, а кое не е.  Ова се љубовни лекции кои луѓето ги учат навистина доцна, понекогаш дури и по завршување на врската.

Не велете „да“ ако сакате да кажете „не“

Во љубовните врски често правиме една голема грешка – се преправаме. Запаметете дека компромисот е добро решение, но не е добра идеја доколку се чувствувате несреќно. Не се согласувајте на работи кои ве прават длабоко незадоволни, не се однесувајте дека сте среќни ако не сте и немојте да се согласувате на предлози кои инстинктивно навистина сакате да ги одбиете. Трудете се да бидете автентични и иако е важно да и угодувате на другата страна, сепак не погазувајте се себеси и не губете се во врската.

Вашата љубов нема да ја промени личноста

Додека тие сами не ја почувствуваат потребата за промена, не постои љубов или пак личност која може да ги натера да се сменат. Промените зависат од многу фактори, но всушност доаѓаат од самата личност, од нејзината свест, но и волја и желба за промена.

Љубомората и посесивноста не се знаци на љубов

Многу луѓе веруваат дека љубомората и посесивноста кои доаѓаат од другата страна се потврда на љубовта. Но, не е така. Мала доза на љубомора е нормална работа во врската. Меѓутоа, желбата да се контролира другата личност и постојаните сцени не се знаци на љубов, туку тие покажуваат голема несигурност кај другата личност.