Љубовна драма во Железара: Ја оставил полугола и претепана среде улица

Во 19 часот и 45 минути синоќа било пријавено дека жена од Скопје преживеала вистински хорор среде улица. Полицијата информира дека на улицата „Аминта III“ имало  женско лице со повреди во пределот на главата и телото.

Се работи за 52-годишната В.П. која била пресретната од нејзиниот поранешен пријател со кого била во љубовна врска, а тој со возило ја однел во близина на последна автобуска постојка во населбата Железара, каде и го соблекол долниот дел од гардеробата, физички ја нападнал и ја оставил полу гола.

В.П. потоа со такси возило дошла на горенаведената улица. Од страна на Итна медицинска помош, била пренесена во Ургентниот центар Скопје, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот како и за целосно расчистување на случајот.