Љубовен хороскоп за септември 2016

Прочитајте што ви носат ѕвездите во љубовта за септември.

Овен

Доаѓа период кога ќе се најдете во „затегнати односи“ со својот партнер,  а за тоа ќе придонесат честите промени во расположението како и стресот кој ве мачи постојано. Ќе имате потреба да се затворите сами во својата соба  и да одмори во самотија и тишина. Иако ќе дојде до одредени несогласувања во вашата врска, добрата вест е тоа што со вашата сакана личност ќе се поврзете на духовно ниво.

Доколку успеете вашиот однос да го пробудите и подобрите, вашата врска ќе отиде на многу повисоко ниво. Сепак, доколку не успеете во тоа, подгответе се дека вашите односи ќе заладат во текот на целиот септември, а можеби ќе доведат и до крај на врската.

На слободните претставници на овој знак им претстои интересен период, многу дружења и интересни познанства, а можно е да започнете и врска со личност која живее подалеку од вас.

Бик

Септември ви носи многу обврски и работа, па тоа ќе влијае и на вашите емоции, а особено на љубовните односи. Поради тоа, ќе бидете преоптеретени, ќе ви пречи речиси секоја ситница кај партнерот, кој инаку и нема да го приметувате. Но, таквата ситуација сепак ќе се случува на почетокот на месецот, а потоа ќе сфатите дека грешите и нештата ќе дојдат на свое место. На крајот, во суштина ќе видите дека септември ќе биде магичен месец за вас, но потребни се напори од ваша страна.

Доколку сте слободни, во текот на овој месец ќе имате потреба да бидете забележани, и многу ќе ви годи вниманието од другите. Освен тоа, некои познанства можат многу лесно да преминат во врска, само важно е да внимавате.

Близнаци

Кога станува збор за емоциите, чувајте се од љубомората. Тоа ќе предизвикува многу несогласувања со вашиот партнер. Иако одредена доза на љубомора може да предизвика интересен оган во врската, сепак вашата ќе биде претерана и треба многу да внимавате. Освен љубомората, не ве очекуваат други проблеми во врската.  Од вашата сакана личност ќе барате да ви нуди љубов, внимание и нежност – но тоа е својствено за вас.

Слободните претставници на овој знак немаат време, ниту пак желба а нова љубов. Изгледа како да ви одговара нештата да се вакви какви што се. Доколку е тоа така, септември е совршен месец за вас.

Рак

Случувањата на работа и во вашиот живот предизвикуваат големо нетрпение кон вашиот партнер. Секој проблем кој ќе се појави ќе влијае на вашата врска, па затоа ќе биде потребно да покажете трпение и да се обидете да се разберете и сослушате еден со друг. Тоа е важно за да не дојде до несогласувања кои ќе доведат до прекинување на врската. Доколку ги надминете овие проблеми во комуникацијата, ве очекува месец исполнет со многу љубов и убави моменти.

Кога станува збор за слободните Ракови, тие ќе уживаат во дружењето со интересни луѓе, а највеќе ќе им одговара флертот на кој ќе наидуваат каде и да се појават. Затоа, препорачуваме чести излегувања.

Лав

Септември не носи многу убави работи за родените во овој знак. Поради одредени проблеми со родителите и децата, оние кои се во брак ќе имаат проблеми со саканата личност, бидејќи тие ситуации значително ќе влијаат на односот. Но, би требало да се отргнете од случувањата од околината и да размислите разумно каде лежи вистината. Потребни се напори од двете страни за да се надминат некои работи. Сепак, покрај ова, врската ќе цвета во сексуална смисла, бидејќи вашиот сексуален апетит ќе биде поголем од вообичаено.

Слободните Лавови не би требало непромислено да навлегуваат во нови врски, бидејќи можно е да наидат на многу комплицирана личност, со што и односот  со неа би бил токму таков.

Останатите хороскопски знаци може да ги прочитате на втората страна.

Девица

Тоа што највеќе ќе го барате од својот партнер е чувството на сигурност и доверба. Доколку го добивате тоа, нештата ќе бидат во најдобар ред, но доколку саканата личност не успее да ви го овозможи тоа, можно е да се јават проблеми меѓу вас. Сомнежите кои ќе се јават можат сериозно да му наштетат на вашиот однос, и невнимателноста може да доведе до крај на врската.

Родените во овој знак ги очекува нова врска, но проблемот е во тоа што многу тешко ќе успеете да најдете заеднички нешта, па можни се несогласувања уште од самиот почеток.

Вага

Овој месец ве очекуваат расправии и несогласувања со партнерот. Многу нешта можат да се избегнат доколку комуникацијата е на добро ниво. Запаметете дека договорот куќа гради и водете се од тие зборови, кога ќе влезете во дискусија којашто е непотребна. Освен тоа, можно е да се соочите со голем предизвик, а тоа е раздвоеноста. Некој од вас ќе мора да патува поради работата, но тоа сметајте го како за можност да ја зајакнете врската.

Слободните Ваги ќе уживаат повеќе овој месец и ќе бидат расположени за забава, дружење и флерт. Ќе бидат и малку романтични. Можен е почеток на нова врска, но бидете подготвени дека можеби таа нема да се движи во правецот кој го посакувате. Ќе барате љубов, големи количини од неа, па доколку партнерот нема да може да ви го понуди тоа, нема да сакате ни да продолжите.

Скорпија

Тоа што може да биде евентуален проблем во врската, без оглед на тоа дали сте подолго заедно се нереалните очекувања кои ги имате од саканата личност. Вие сакате едно, а вашиот партнер друго, и тоа често доведува до несогласувања. Ќе ви изгледа дека вашата сакана личност е студена и далечна, но тоа веројатно не е вистина, и затоа подобро е да започнете отворен разговор.

Слободните претстсвници на овој знак ќе имаат голема можност од едно ново, интересно познанство  да создадат врска која ќе им одговара. Доколку тоа се случи, брзо ќе сфатите како дишете како една личност, односно дека сте целосно компатибилни.

Стрелец

Ќе искажувате голема доза на себичност во врската, и важно ќе ви биде само нештата да се одвиваат по ваше. Но, важно е да послушате што сака вашиот партнер и конечно да одлучите во која насока сакате да се движи вашата врска. Прашајте се дали понекогаш ја запоставувавте врската и вашата сакана личност. Вдишете длабоко и реално погледнете на тоа што се случува.

Слободните Стрелци не се премногу расположени за флерт, забава и дружења. Луѓе од вашето друштво се обидуваат да ве спојат со некоја личност, но некако не можете да се опуштите. Но, дајте шанса на таквата можност. Водете се од своите внатрешни чувства.

Јарец

Јарците кои се во врска можеби ќе бидат обвинети дека не посветуваат доволно време на своите сакани и дека се премногу фокусирани на својата работа и кариера. Во тоа има голема вистина, но важно е да се обидете да ги избалансирате своите обврски и приватниот живот. Можно е да се чувствувате помалку несигурно во своите чувства или пак да се чувствувате дека не можете да се изразите на вистинскиот начин, а тоа ќе влијае на вашиот однос со партнерот. Доколку чувствувате дека нештата не одат во добра насока, разговарајте со партнерот.

Доколку сте слободни или на почеток на врската, можно е да бидете посрамежливи од вообичаено, што може лошо да се одрази на потенцијалната врска. Сепак, не се грижете за тоа. Обидете се да се опуштите.

Водолија

Водолии, подгответе се бидејќи септември носи хаос во вашиот живот. Ќе бидете емотивно раздразливи, што ќе придонесе за чести промени во расположението, а тоа значајно ќе влијае на вашиот љубовен живот. Ќе се јават несогласувања со вашиот партнер, а ситуацијата ќе се смири дури на крајот на месецот. Без оглед на тоа дали сте слободни или во врска, ќе ви годи нечие внимание, а особено ќе ви годи квалитетниот сексуален живот.

Риби

Ова е најдобар месец за слободните Риби, бидејќи конечно носи нова  можност да сретнете личност која потполно ви одговара. Со својот забавен и ведар карактер и вашата смисла за хумор, ќе направите да бидете забележани, а тоа ќе ви донесе нови интересни познанства. Ќе се заљубите сосема неочекувано, така што на самиот почеток ќе се чувствувате малку чудно, но многу брзо ќе сфатите дека тоа всушност ви одговара. Доколку сте во врска, ве чекаат пријатни денови покрај партнерот, многу љубов и внимание.