Љубовен хороскоп за јули

На кои хороскопски знаци, ѕвездите им се наклонети во текот на овој летен месец? Прочитајте во месечниот љубовен хороскоп.

Овен

Ако сте во врска:

Искористете го првиот дел од месецот за да отидете на одмор со саканата личност или пак да најдете време за заедничка забава. На 10 јули, Венера која владее со вашето поле на љубовта, блегува во знакот на Девица. Вашиот партнер ќе биде склон кон ситничарење и сомничавост, но ќе има и нови идеи за кои ќе му биде потребна поддршка од ваша страна.

Средината на месецот носи стабилност во љубовната врска. Ќе бидете во можност да исполните една заедничка цел, но и да го зголемите заедничкиот буџет. Сепак, потрудете се во овој период ништо да не криете од партнерот. Тоа може да ви донесе проблеми.

Ако сте слободни:

Во текот на јули, ќе имате многу можности да запознаете личност која ќе ве освои и со која би можеле да влезете во врска која ќе трае подолго. Кон средината на месецот ќе запознаете личност која ви делува необично, и која навистина ќе ве освои. Сепак, внимавајте да не идеализирате премногу.

Дел од Овните благодарение на својата тактичност и упорност, но и трпеливост ќе успеат конечно да ја освојат личноста која им се допаѓа подолго време.

Бик

Ако сте во врска:

Можни се конфликти со партнерот што може да доведе и до прекин на врската, доколку не се решат проблемите кои ги имате. Потребно е да го прифатите партнерот таков каков што е, или пак да не го трошите нивното време. Обрнете внимание на тоа да не очекувате премногу од другата страна.

10 јули е одличен период за смирување со партнерот, но запрашајте се дали го сакате тоа. 28 јули носи убав период на уживање, кој треба да го искористите. Уран се наоѓа во знакот на Бик, што ви носи големи промени.

Ако сте слободни:

Ново познанство со разумна и рационална личност можете да очекувате околу 10 јули, кога Венера влегува во знакот на Девица. Ова ќе биде врска заснована на разбирање и љубов, без претерано идеализирање, што е многу подобро од погрешно заљубување. Ќе се плашите дека личноста може лесно да си замине, но за среќа вашите стравови нема да бидат точни.

Со една личност со која одредено време се гледате без обврски, ќе имате можност заедно да отидете на викенд и да уживате.

Близнаци

Ако сте во врска:

Венера влегува во знакот на Девица до 10 јули, што може да доведе до конфликти со партнерот. Саканата личност од вас бара внимание, но вас тоа не ве интересира, бидејќи сметате дека претерува. Доколку сакате да го подобрите односот, добо би било да се потрудите да направите нешто околу тоа. Преземете одговорност.

Врската ќе се стабилизира на 14 јули кога доаѓа зрелост во неа. Престанете да се сомневате во партнерот. Искористете некој викенд за целосно уживање.

Ако сте слободни:

Би можеле да се заљубите на почеокот на јули, но само за неколку недели, бидејќи на 24 јули ќе сфатите дека премногу сте идеализирале. Малку повеќе би требало да го вклучувате разумот кога влегувате во врските. Бидете пореални, така многу ќе си помогнете себеси.

Оние кои се осамени во текот на јули, треба да сфатат дека би требало прво да бидат смирени и стабилни за да можат да најдат сличен партнер.

Рак

Ако сте во врска:

Венера ви носи поддршка од саканата личност по 10 јули. Освен, тоа Јупитер ви помага дополнително да го зацврстите односот со саканата личност. Ќе бидете среќни дека можете да се потпрете на саканата личност и да сметате на нејзината поддршка.

Втората половина на месецот ви носи повеќе време за уживање, забава и убава комуникација. 22 јули носи можност да добиете нешто што одамна сте го посакувале, а не сте имале можност за тоа. Ќе бидете пријатно изненадени.

Ако сте слободни:

Во вашиот живот би можела да се појави ексцентрична личност, што значи дека ве очекува убава авантура, но ништо сериозно. Иако ќе трае релативно кратко, оваа авантура ќе донесе убави денови и среќа за вас. Можно е и заедничко патување.

Лав

Ако сте во врска:

Венера се наоѓа во вашиот знак на почетокот на јули што може да ви донесе многу страсти и уживања во врската. Партнерот бара внимание, но тоа нема да ви биде многу тешко во овој период. На 10 јули, ќе почнете да размислувате за практични работи, а не само за страста. Ќе успеете да остварите нешто што поодамна сте го започнале.

Вашата блискост со партнерот ќе биде подобра од вообичаено на крајот на месецот, што ќе ве направи особено среќни.

Ако сте слободни:

Слободните Лавови ќе се свртат кон нови авантури, посебно по 12 јули. Нема да сакате да се врзувате, што особено ќе ви одговара. Време е да го искористите овој период за некое патување. Можно е познанство на крајот на патувањето.

Можно е на крајот на месецот да запознаете личност која ќе ве освои со својата практичност. Ќе најдете доста заеднички интереси, а можно е и почнување на нова врска.

Девица

Ако сте во врска:

На 10 јули, Венера влегува во вашиот знак што ќе ве поттикне да посветите внимание на заедничките интереси. Потребно ви е нешто што ќе и даде освежување на вашата врска. Ве очекува можност за заедничко патување. По 14 јули, ве очекува убава стабилност во врската. Ќе имате можност за забава и прекрасни заеднички моменти.

Избегнувајте да бидете таинствени и нефер кон саканата личност, бидејќи тоа може да донесе проблеми и големи недоразбирања.

Ако сте слободни:

Ќе ви биде понудена можност да влезете во врска која ќе трае долго. Ќе запознаете личност која ќе ве освои со својата стабилност и со која ќе откриете дека имате многу заеднички интереси. Сепак, бидете реални во однос на вашите очекувања и идеализирањето на партнерот.

Вага

Ако сте во врска:

Во првата половина на јули, неопходно е да се договорите со саканата личност во однос на заедничките планови, но и распределбата на обврските. Во однос на тоа, добро би било да постигнете согласност, за да избегнете конфилти. Бидете отворени за решенија.

Партнерот ќе се однесува сомничаво во текот на јули, што ќе отвора многу сомнежи кај вас.

Ако сте слободни:

Почнува сезоната на годишни одмори и патувања, а вие одвај чекате да отидете на место каде ќе можете да се одморите. Ќе бидете изненадени во средината на јули од еден повик од некој познаник да се придружите на нивното патување. Освен вам, на одморот ќе бидат и други луѓе, но една од нив навистина многу ќе ве освои.

Шкорпија

Ако сте во врска:

Првата половина од месецот ви носи можност да остварите некоја заедничка цел, која ќе ве зближи со саканата личност. Повеќе време ќе можете да одвоите за социјалниот живот. Ќе ги посетувате заедничките пријатели, ќе излегувате на концерти, забави и сл. Тоа ќе ви даде можност да запознаете нови луѓе.

Ако сте слободни:

Венера која влегува во вашето поле на љубовта влегува во знакот на Девица, што ќе донесе промени во вашиот живот. Ќе бидете склони кон неоправдани стравови, а ќе имате и предрасуди за луѓето кои ве привлекуваат. Постојано ќе размислувате за својот изглед и ќе станете ситничави. Сепак, тоа завршува на 22 јули за среќа, кога ќе запознаете личност која ќе ве освои.

Стрелец

Ако сте во врска:

Првата половина на месецот ви носи сериозни несогласувања со саканата личност. Ако планирате заеднички одмор, нема да се сложите околу дестинацијата и цената на аранжманот. Важно е да бидете спремни за компромис, за да не дојде до проблеми од ништо.

Втората половина на месецот, ви носи период на опуштеност и различни убави дружења со саканата личност, но и пријателите. Меркур почнува да се движи ретроградно на 26 јули, па ќе биде потребно да ги исполните некои од ветувањата.

Ако сте слободни:

Вашите обиди да освоите една личност ќе донесат неуспех во првата половина на јули, што ќе направи да бидете повлечени и разочарани. Во втората половина на јули, еден од вашите пријатели ќе ве запознае со личност која на прв поглед делува интересно и ќе ве освои со својата интелигенција и духовитост. Ќе почнете да се гледате почесто, но и да излегувате заедно, а можно е и започнување на врска на крајот на јули.

Некои од Стрелците ќе почнат да засакуваат личност на работа и да испраќаат сигнали кон нив. Можно е да се појави и личност од минатото на крајот на јули.

Јарец

Ако сте во врска:

Ќе ви годи со саканата личност да отидете на патување во првата половина на јули. Тоа не мора да биде некаков долг одмор, туку барем неколку дена да поминете заедно. Тоа ќе ја зголеми блискоста меѓу вас. Комуникацијата со партнерот се подобрува во втората половина на јули. Ќе успеете и да остварите нешто што долго сте одлагале.

Ако сте слободни:

Излегувањата со пријателите ви стануваат досадни. Ќе видите дека ништо не се менува и ќе посакате да запознаете нова личност. Ако се одлучите да отпатувате на море или негде во странство, имате можност да запознаете личност која многу ќе ве привлече. Можна е авантура која ќе се претвори во врска на далечина. Тоа ќе го насочи вашиот живот во нова насока.

Водолија

Ако сте во врска:

Сонцето кое владее со вашето поле на љубов и брак, ќе направи да почнете да покажувате повеќе нежност кон саканата личност. Тоа ќе ги одушеви и ќе донесе пријатни заеднички моменти. Ќе бидете во можност некаде да одите заедно.

Третиот дел од месецот носи мали несогласувања во семејството. Односот ќе биде нарушен, а ќе морате да бидете отворени кон наоѓање на заеднички прифатливо решение. Не ги наметнувајте своите ставови.

Ако сте слободни:

Почетокот на јули е динамичен и исполнет со многу можности за вас. Ќе се зближите со личност со која ќе се сложувате во сексот, но нема да најдете многу заеднички интереси. Тоа ќе направи да посакате нова личност покрај себе.

Некои од Водолиите ќе влезат во сложена врска со личност која физички ги привлекува, но која има огромно его. Оваа врска е осудена на пропаст. Можен е повик од некоја личност од минатото со што ќе ги разгорите старите страсти.

Риби

Ако сте во врска:

Првиот дел од јуни ќе биде стресен бидејќи нема да се сложите со саканата личност околу заеднички планови. Најмногу несогласувања можете да имате ако планирате да одите на некое заедничко патување. Единствено е можно да побарате заеднички прифатливо решение. Избегнувајте лаги и криење на вистината, но и да правите нешто позади грб.

Ако сте слободни:

Почетокот на јули носи чести промени во расположението. На прв поглед ќе бидете склони кон една личност но потоа ќе забележите дека нешто не ви се допаѓа во нејзиното однесување.

Втората половина од месецот ви носи можност да запознаете личност со која можеби ќе отидете на заедничко патување. Ќе имате многу додворувачи, но ќе морате да откриете што најмногу ви одговара вам.