Љубовен хороскоп за јули

Прочитајте што ви носат ѕвездите во вашето поле на љубовта во овој летен месец.

Овен

Јуни баш и не ве израдува кога станува збор за љубовта, но јули е месецот кој ви носи убави моменти на емотивен план. Тоа што е најважно е дека љубовта ќе чукне на вашата врата. Слободните претставници на овој знак  ќе се најдат во ситуација на услови и можности да го запознаат својот потенцијален партнер. Однесувањето кое ви е својствено, способноста да бидете доминантни во комуникација, но и пристојноста и љубезноста кои ги поседувате ќе направат да привлечете повеќе личности во текот на овој месец.

Само важно е да внимавате што ќе ве привлече кај нив, тоа да не бидат нереални факти и работи, туку потрудете се да ги увидите вистинските вредности во таа личност. Доколку тоа се случи, ве очекува интересна и квалитетна врска. Зафатените претставници на овој знак ќе ги искажат своите вистински очекувања, па би било добро да пронајдете поради што дојде до блокадата која беше присутна во изминатите месеци. Не дозволувајте да паднете во емоционална криза и проблеми со партнерот кои не ви се потребни.

Бик

Јули не е месец кој посебно ќе ви се допадне, особено кога љубовта е во прашање. Поради големата доза на самоуверност која ја носите во себе и доминантноста кон која копнеете, емоционалните односи нема да бидат нешто на што ќе бидете посебно горди. Тоа ќе влијае на вашето расположение и затоа најдобро ќе биде да се смирите.

Потребно ќе биде малку да ги одложите работните обврски, дури и да ги занемарите за да обрнете повеќе внимание на партнерот или пак на личноста која ви се допаѓа или онаа која сака да ве освои. Ни вие не сакате да бидете занемарувани и затоа не им го правете тоа на другите. Најдобро би било да отидете на краток романтичен одмор кој добро ќе го осмислите што ќе го поттикне и адреналинот во вам.

Освен флертот, слободните Бикови нема да имаат многу прилики па затоа подобро е да ги чекаат останатите месеци во годината, а во меѓувреме да уживаат во комплиментите од спротивниот пол.

Близнаци

За близнаците, јули носи нежности во љубовта што особено ќе им одговара. ќе бидете смирени и ведри, што одлично ќе влијае на полето на љубовта. Ќе сакате да минувате што повеќе време со партнерот, а ќе ви одговараат и романтиката и размената на нежности. Меѓутоа, доколку вашиот партнер е под стрес или тензија, ќе дојде до мало „заладување“ на вашите односи. 

Ова е месец во кој поради доброто расположение и љубовта, ве очекуваат многу интересни моменти на сексуален план. На слободните претставници на овој знак, јули ќе им донесе многу симпатии, а можеби и врска. Но, новиот партнер можеби ќе ве разочара со некои постапки и гестови. Во одредени ситуации можеби вашите чувства ќе бидат навредени, но потрудете се да не реагирате нагло и да оставите малку време за да ја согледате ситуацијата.

Рак

Раковите влегуваат во месец кој нема да им донесе ништо убаво на емоционално поле. Поради постојаните префрлувања и постојани критики, вашата сакана личност ќе се дистанцира од вас. Тоа е така бидејќи нема да бидете во ситуација лесно да заборавите на нешта од минатото, па тоа и ќе ве принудува така да се однесувате. Меѓутоа, не е сè изгубено. Потребно е само малку контрола и смиреност за да се решат брзо ситуациите.

Ова е месец во кој не треба да дозволите вашите стравови да ве спречат да влезете во врска, бидејќи тие се нереални и целосно непотребни. Несигурноста ве спречува во многу нешта кога љубовта е во прашање, а тоа ќе спречи многу претставници на овој знак да остварат нешто ново и убаво. Дури кога ќе го тргнете од себе својот одбрамбен став, ќе можете да запловите во нова емотивна врска која ќе ве исполни. Вистинската терапија за вас за следниот период се насмевките и доброто расположение.

Лав

Јули е месец кога Лавовите ќе уживаат во магиите на љубовта. Сите оние кои се зафатени ќе уживаат во совршени моменти со својата сакана личност, па тоа постојано ќе предизвикува добро и ведро расположение, што ќе ги поттикне и вашите партнери да бидат погрижливи и внимателни кон вас. Овој месец е во знакот на љубовта, вниманието и нежноста, така што препуштете се и обидете се да создадете убави спомени од овие денови.

За  слободните претставници на овој знак ќе постојат најголеми шанси за квалитетна врска. Искористете го овој период за да најдете личност која ви одговара и со која ќе бидете во состојба да воспоставите добар и квалитетен однос.

Девица

Зафатените Девици ќе бидат во ситуација во која нивните врски ќе зависат од комуникацијата и начинот на однесување кон партнерот. Доколку воспоставите добра меѓусебна комуникација за што имате совршена подлога, тогаш во текот на јули ќе уживате во хармонична врска полна со љубов, разбирање и нежности. Таквата врска ќе ви одговара и ќе бидете мотивирани за многу нешта. Меѓутоа, ако комуникацијата не е на задоволително ниво, тоаш прво запрашајте се што е коренот на постојаните критики. Партнерот ќе биде тука за вас во сите моменти, но важно е правилно да му пристапите. Сепак, и покрај сè, овој месец ќе биде одбележан со многу љубов и разбирање, што ќе им годи и на многу слободни претставници на овој знак, кои ќе запознаат интересни личности, меѓу кои и една посебна со која пријателството може многу лесно да премине во врска.

Продолжува на следната страна...

Вага

Срамежливоста и воздржаноста ќе бидат ваши одлики во текот на овој месец, кога станува збор за љубовта. Ќе барате нежност и поддршка од партнерот, бидејќи тоа ќе ви го отргне чувството на несигурност кое ќе се појавува често во текот на овој месец. Ќе бидете многу чувствителни и нештата ќе ги доживувате многу лично. Но, не треба да се грижите премногу, бидејќи сите нешта кои ќе ви бидат упатени не се критика и не ги сфаќајте премногу лично. Доколку не почувствувате дека партнерот ви обрнува внимание и љубов, ќе се лутите и ќе се повлекувате во себе, што нема воопшто да ги реши работите.

Скорпија

Јули е многу интересен месец за Скорпиите. Ве очекуваат убави случувања, особено кога станува збор за слободните Скорпии. Многу веројатно е дека одредено пријателство ќе премине во љубов, а исто така ве очекуваат и интересни познанства преку вашите пријатели. Затоа, немојте да бидете многу стегнати и исплашени и препуштете се. Освен тоа, сега е моментот да пробате и состанок на слепо доколку тоа не сте го направиле досега. Тоа може да биде интересно искуство за вас, што ќе ве направи и посигурни и посамоуверени.

Водете сметка да комуницирате многу јасно за своите чувства, особено со блиските пријатели, бидејќи тоа може да го загрози вашиот однос, ако тие сметаат дека сакате нешто повеќе од пријателство.

Зафатените припадници на овј знак ќе бидат распнати меѓу тоа да бидат сериозни и одговорни партнери и меѓу желбата да се опуштат и забавуваат. Ако не сте подготвени за некој сериозен однос, тогаш тоа пренесете им го на оние од другата страна. Искрениот и отворен разговор е многу важен за да го сочувате добриот однос.

Стрелец

За зафатените претставници на овој знак не доаѓа најдобар период во љубовта, бидејќи ќе биде одбележан со многу кавги и несогласувања. Но, тоа не мора да биде премногу лошо, туку можете да го употребите за зајакнување на врската, но и додавање пламен во вашиот однос. Секако, овој месец нема да ви биде досадно, а на вашата сакана личност тоа многу ќе и одговара.

Во текот на јули, внимавајте на тајните. Некој ќе се обиде да скрие нешта од вас. Слободните претставници на овој знак ќе уживаат во таквата мистичност, но за оние кои се во врска, таа може да донесе многу несогласувања. Ви препорачуваме да флертувате многу, но сепак не претерувајте и не дозволувајте тоа да ви донесе проблеми.

Јарец

Јули е месец во кој ќе се обидете да направите некакви промени, а многу од нив ќе се однесуваат на љубовта. Не станува збор за тоа дека ви е досадно од сегашниот партнер, колку што ви е потребно одредено растојание, но и мало уживање во самотијата или работите кои сакате да ги правите сами. Ќе ви одговара времето кое ќе го имате сами за себе, за да размислувате, да бидете сами и да уживате. Сепак, важно е на вашиот партнер да му посочите дека ви е потребен простор, за да не добие погрешен впечаток.

Доколку сте слободен припадник на овој знак, во овој период ќе запознаете личност која многу ќе ве заинтересира. Ѕвездите ќе ви бидат наклонети во текот на јули и затоа препуштете се и уживајте.

Водолија

Повеќе внимание и време ќе обрнете на работата, отколку на љубовта во текот на јули. Сепак, таквиот став нема да му одговара на вашиот партнер кој ќе се чувствува запоставено. Но, колку повеќе сте притискани, толку повеќе ќе имате потреба да се одалечите од него. Ова ќе биде голем пресврт во вашиот однос и затоа треба да бидете многу внимателни. Доколку го надминете  тоа, подоцна нештата ќе дојдат на свое.

Слободните Водолии ќе бидат расположени за авантури, флерт и секс без обврски и во тоа вистински ќе уживаат.

Риби

Овој месец за Рибите носи многу одлуки и решавање на проблемите кои во изминатиот период беа предизвикани на емотивно поле. Најпрвин, слободните претставници на овој знак ќе мора добро да размислат што сакаат, односно во која насока сакаат да се движат.

Доколку сте во врска пак, тогаш ќе се соочите со многу дилеми и ќе се запрашате каде се движи вашата врска. Затоа е потребно внимателно да поразговарате со вашата сакана личност, но и да бидете истрајни и трпеливи во однос на проблемите.

Одлукките кои ќе морате да ги носете можеби нема да бидат лесни, но на крајот ќе бидете многу задоволни.