Љубовен хороскоп за декември

Прочитајте што ни носат ѕвездите во последниот месец од годината.

Овен

Кога станува збор за љубовта, нема потреба од страв и паника бидејќи ве очекува удобен и весел месец. Љубовта со партнерот никогаш не била подобра и двајцата зрачите со харизма и позитивна енергија. Очекувајте заедно да се забавувате и често да излегувате, но и да не се одвојувате многу. Ако се случи кратка раздвоеност, на двете страни ќе им биде тешко/

Ако сте слободни, декември ви носи запознавање со личност која сака да разговара за животот и филозофиите, но и да ја анализира љубовта. Ако сакате такви разговори, тогаш оваа личност ќе ви одговара за друштво, но бидете внимателни, одете чекор по чекор.

Бик

Во текот на декември, на вашата љубов ќе влијае работата. Се наоѓате во фаза кога морате целосно да се посветите на обврските, а на вашата радост и партнерот ве поддржува. Ним им одговара тоа што сакате да се најдете себеси и да бидете успешни во работата, бидејќи покрај себе имаат личност која точно знае што сака.

Ако сте слободни, може да дојде до пресврт и конечно да излезете од фаза кога сите додворувачи ве нервираат и не ви се допаѓаат особено.

Близнаци

Пред вас се предизвици. Конечно се смиривте, но повторно се појавува личност од минатото, а доколку сте во врска, тоа ќе ве поремети малку. Ќе бидете во недоумица дали да се вратите на старата љубов. Ако ви е моментално убаво, не го жртвувајте тоа што го имате.

Ако сте слободни, ќе запознаете личност која целосно ви одговара и со која ќе можете да навлезете во сериозна врска.

Рак

Во вашата врска доаѓа до проблем во комуникацијата, а саканата личност највеќе ќе ви замери за тоа што работата ви е на прво место и немате време ни да помислите на љубовта. Партнерот е некој кој ве поддржува во љубовта, но сепак треба да се потрудите да не го занемарувате тоа.

Ако сте слободна, ќе ве мачат многу прашања. Љубовта доаѓа за вас во новата година и затоа смирено и сериозно надминете ја осаменоста, не пропуштајќи ги приликите околу вас.

Лав

Овој месец носи страст, страст и само страст. Личноста со која сте во врска е луда за вас. Каде и да се појавите, очите ќе бидат вперени во вас, бидејќи ќе блескате со саканата личност.

Ако сте слободни, може да дојде до обновување на врска одмминатото. Бидете внимателни и не навлегувајте во неа, ако не сте сигурни во тоа. Можете да бидете повредени.

Девица

Во текот на декември, Девиците највеќе ќе ги мачи проблем со парите, а тоа ќе влијае и на врската. Партнерот ќе се труди да ве смири, но тоа ќе ви претставува голем проблем.

Ако сте слободни, во текот на декември ќе се потрудите да најдете љубов околу вас, каде и да излезете. Сепак, можно е да запознаете интересна личност на некое патување.

Вага

Декември е месец кој носи многу сензуалност. Вие сте заљубени до уши и на партнерот му одговара вашето мило однесување. Ќе бидете смирени и насмеани еден покрај друг.

Ако сте слободни, овој месец љубовта ќе зависи од вашето однесување. Затоа, преиспитајте ги своите ставови и определете се дали ќе бидете во врска само поради забава или бидејќи ви значи таа личност навистина.

Скорпија

Ќе се јави голема потреба во декември да поминете повеќе време со саканата личност, бидејќи поради одредени околности бевте раздвоени. Заедно ќе ја планирате иднината и ќе уживате во тоа. Ќе бидете среќни и исполнети.

Ако сте слободни, ќе имате силна сексуална желба, страст и потреба за романтика. На пат е врска полна со возбудувања и страст.

Стрелец

Вам ви е важно дека имате исти интереси со саканата личност. На тој начин и ќе го посветите овој месец. Ќе ги користите сите прилики за да бидете заедно, а можеби и ќе отпатувате негде и ќе си поминете одлично.

Акос те слбоодно, ќе ве привлечат луѓе кои многу анализираат. Љубовта нема да ја најдете во бар или ноќен клуб, туку на некое културно место.

Јарец

Привлечни сте, среќни и многу задоволни, а вашиот живот ќе биде бурен и ниту малку досаден. Често ќе го менувате расположението и тоа ќе ви прави проблеми во љубовта. Бидете поразумни и слушајте што го мачи партнерот. Не се нервирајте за ситуации кои можат да се надминат.

Ако сте слободни, во првата недела на декември можна е кратка авантура со постара личност од вас. Но, тоа нема да потрае долго.

Водолија

Водолиите кои се во врска се помалку мистериозни и партнерот ќе се труди да сфати што се случува. Понекогаш за него/неа ќе бидете вистинска енигма.

Ако сте слободни, ќе бидете напнати и ќе зрачите со негативна енергија што другите ќе ги одалечува од вас. Но, на средината на месецот нештата ќе се променат.

Риби

Ако сте во врска, треба да се опуштите и да не се оптеретувате со тоа дали сте сакани или не. Ве очекува убав месец во кој ќе уживате, само ако си го дозволите тоа.

Ако сте слободни, ќе ги согледувате работите од различен агол со помош на пријателите. Ќе се потрудите да ја обновите својата врска.