Љубовен хороскоп за 2018 година

Оваа година љубовта е во воздухот, се раѓаат нови романси, старите љубови зајакнуваат, а лошите односи засекогаш заминуваат од животот.

Ова е љубовниот хороскоп за 2018

Овен

Ќе имате јасна визија и ќе чувствувате дека сте на вистинскиот пат кога станува збор за љубовта. ќе имате подобро разбирање кон партнерот. За многу од Овните, почетокот на годината претставува крај на љубовната врска во која не се чувствувате пријатно и носи нови и убави почетоци. Оние кои се зафатени низ текот на целата година можат да очекуваат интензивни чувства, но и зголемување на страста кон партнерот. Конечно ќе можете да ги контролирате сопствените емоции и да ги држите нештата под контрола.

Меѓу март и јуни, некои претставници на овој знак ќе одлучат да стапат во брак, додека пак други ќе влезат во сосема нова фаза во врската. Внимавајте на тоа да не бидете понесени од нереални или лажни очекувања. Бидете одговорни за своите постапки и одлуките носете ги совесно. Ќе исчезне болката поврзана со минатото.

Бик

Очекувајте хармонија во љубовта. Доаѓа период на голема смиреност, кои ви носи и многу убави искуства. За некои од Биковите, љубовта ќе биде на врвот на листата на приоритети, додека пак за други љубовта ќе биде губење многу време и енергија. Вашата природна чувствителност и интуитивност ќе придонесе да ги зачувате нештата и луѓето кои ви значат.

За оние кои се зафатени, целата година носи поврзаност со партнерот. Ќе го поминете тестот на времето, но и судбината. Целата година ќе чувствувате потреба да донесете задоволство во животот на саканата личност. Љубовта ќе цвета за вас цела година, но угодете си малку и себеси.

Близнаци

2018 носи сила во вашиот љубовен живот. Позицијата на Јупитер ви носи можност да се подобрите себеси во емоционална смисла, но ќе донесе и повеќе ентузијазам на полето на љубовта. слободните брзо ќе сфатат дека се привлечни за спротивниот пол и дека многу полесно комуницираат со околината. Близнаците ќе го прошират својот друштвен живот во 2018, а тоа ќе донесе и повеќе љубов.

Не се плашете да го покажете своето вистинско лице, не глумете и не ги разубавувајте нештата без потреба, туку прикажете ги такви какви што се. Очекувајте многу случувања, страст и уживања. Некои Близнаци ќе почнат да им замеруваат на своите партнери. Ќе имате чувство дека вашите емоции не се на ист начин возвратени од партнерот.

Други претставници на овој знак ќе се најдат во паралелни врски што на крајот на годината ќе им се удри од глава. За да ги избегнете компликациите и проблемите, бидете многу внимателни.

Крајот на 2018 носи раскинувања и смирувања, но дефинитивно пресврт во љубовта.

Рак

Врските во кои веќе се наоѓате ќе ви го подобрат животот. Следете ги своите инстинкти и посебно својата совест кога влегувате во конфликти. Зобрувајте, но дозволете и на другата страна да го каже своето, за да бидат појасни работите. Нетрпението и упорното барање на виновник нема да ви донесат ништо добро. Задржете ја контролата над она што го правите за да не ги повредите чувствата на оние што ги сакате.

Крајот на годината ви носи многу храброст, но и склоност кон ризични ситуации. Оние кои се слободни ќе привлечат клучна личност која ќе им донесе многу љубов и убави чувства. Машките претставници на овој знак ќе доживеат пресврт во 2018, на полето на љубовта.

Лав

За Лавовите, љубовниот живот во 2018 ќе биде феноменален. Лавовите ќе се најдат во година со големи промени, а Сатурн и Јупитер дополнително ќе ја подобрат сензуалната и чувствителна страна. Иако љубовниот живот понекогаш ќе ви донесе и болка, сите успеси кои ќе ги остварите ќе бидат долготрајни. Пробајте да го промените начинот на кој ја изразувате љубовта бидејќи тоа може да ви ги подобри шансите за да ја привлечете личноста која ја сакате.

Некогаш ќе морате да правите компромиси во љубовта за да внесете повеќе хармонија и романтика. Оваа година носи многу романтични мигови и средби и за зафатените и слободните Лавови.

Девица

Сите претставници на овој знак ќе имаат година на поволно окружување за подобрување на својот љубовен статус. Оние кои се слободни, а посебно машките претставници на овој знак, ќе најдат вистинска и искрена, несебична љубов на која ќе се надеваат дека ќе потрае. Ќе поминете многу еротски и сензуални моменти.

Поголем дел од времето ќе успеете да ги држите емоциите под контрола и на тој начин да ги зајакнете своите односи. За околината ќе бидете привлечни и лесно ќе склопувате нови познанства, кои ќе донесат многу љубовни потенцијали. Сите љубовни односи кои ќе ги започнете имаат поголеми шанси да ги преживеат сите проблеми кои ќе се појават.

На полето на љубовта ќе превладува сигурност, а семејството ќе ви биде главен извор на вашата сила во текот на целата година.

Вага

Низ 2018 ќе сфатите дека подобро ја разбирате саканата личност и љубовта за вас ќе добива ново значење. Јупитер ќе ви помогне да созревате како личност, но и да остварите значаен однос со саканата личност. Очекувајте зголемена страст и романтични мигови низ текот на целата година.

Слободно испитувајте нови нешта, но внимавајте на својата импулсивност. Работите ќе се развиваат на љубовен  план, но со исто темпо и ќе исчезнуваат ако не бидете внимателни.

Партнерот ќе ја преземе контролата во врската, но ќе го дозволите тоа. пуштањето на лошите луѓе да си одат и прекинот на односите со нив ќе ви донесе среќа.

Шкорпија

Шкорпиите треба да очекуваат потполен контраст на љубовно поле низ годината која е пред нив. Воздржете се од импулсивните реакции, бидејќи таквите потези можат да ве одалечат од саканата личност. Бидете прилагодливи и пробајте да ги прифатите другите мислења и ставови, а не само да се држите до своите.

Оваа година носи многу топлина во љубовта. Оние кои се слободни ги очекува позитивен развој на случувањата и конечна љубов со идеална личност. Годината е одлична за емотивно отворање кон саканата личност. Ќе почувствувате големо олеснување.

Многу Шкорпии ќе ја гледаат саканата личност во нова перспектива и така ќе го подобрат односот. Тоа ќе доведе до поинтимен однос и благосостојба.

Стрелец

Цела 2018 носи нагласок на важни детали за љубовниот живот. На тој начин ќе се создаде пат кон среќна и јасна љубовна ситуација. Кога станува збор за емоционалната страна, ќе се почувствувате позрели. Оваа година немојте да бидете импулсивни, кога станува збор за делувањето кон партнерот. Секогаш преиспитајте се два пати пред да кажете или направите нешто, за да не ги повредите.

За некои Стрелци ќе изгледа како потрагата за идеалната личност да трае вечно. Продолжете да барате, бидејќи одредени средби ќе ги зголемат изгледите за повеќе среќа во љубовта. не го заборавајте минатото, живејте во сегашноста, а бидете претпазливи за иднината.

Јарец

За многу Јарци оваа година ќе ја донесе вистинската љубов. сепак, важно е да излезете од идеализирање и да се вратите во реалнсота. Скромноста и едноставноста се ваши особини кои ги имате, а кои ќе бидат пресудни за потенцијалните партнери. Немојте да и правите притисок на саканата личност, и наместо тоа потрудете се да се опуштите за да избегнете проблеми. Споделувајте ги сите нешта со саканата личност и кажете што ви се допаѓа или не ви се допаѓа, и што ви одговара и не ви одговара.

Како што ќе минува годината, така ќе расте и вашето романтично расположение. Оние кои се во брак или во сериозна врска, ќе сфатат дека годината е одлична за повторно запознавање со партнерот.

Водолија

Цела година ви носи врамнотежен пристап кон луѓето и љубовта. Ќе морате да направите некои промени и да направите одредени компромиси. Планетите работат во ваша корист, а време е за зацврстување на односите со луѓето околу вас. Дозволете си да се зближите со луѓето, кога тоа го дозволува ситуацијата.

Бидете чувствителни кон другите и направете компромиси тогаш кога е потребно. Оваа година ви носи ситуации кога ќе можете подобро да ја разберете својата емоционална страна и да ги видете работите во подобро светло.

Риби

Љубовниот живот оваа година ќе ви биде меѓу среќа и опасност, а секако очекувајте многу случајни средви. Ќе пристапите на еден дел од своите соништа и стравови, но не губете чувство за реалноста. Љубовниот односи кои постојат од порано бараат да им пристапите сериозно и да ги преиспитате. Ќе морате да направите одредени отстапки за луѓето кои ги сакате или пак да ги пуштите да си одат оние кои веќе не ви значат.

Не бидете нападни кон оние кои ги сакате, дајте им простор за да бидат свои. Во ситуациите на недоразбирања, разговарајте отворено за да ги решите сите негативности и да не донесете повеќе проблеми.

Страста и романтиката ќе бидат присутни во текот на целата година. Ако тоа го направите правилно, пред вас е година исполнета со многу љубов и задоволства.