2017-та е година која носи неочекувани љубовни авантури, остварување на желбите и неочекувани средби. Откријте што го очекува вашиот хороскопски знак во 2017-та година, на полето на љубовта.

Овен

Ова е љубовна година за вас. Ако сте задоволни во врската во која веќе сте, таа ќе стане посилна и повозбудлива. Ќе бидете почувствителни од вообичаено, но и полесно ќе можете да ги изразувате своите чувства кон саканата личност. Комуникацијата ќе биде пријатна,  но нема само да разговарате, туку ова е година која ви носи многу страст. 

Ако сте сами, оваа година ќе запознаете интересна нова личност. Излегувајте често и уживајте во новите познанства.  Ќе излегувате почесто и ќе имате многу шанси да најдете личност која ви одговара. Генерално, ова е година која носи нови луѓе и пријателства, можеби ќе бидете подготвени и да сапите во брачните води. 

Ако сакате принова, оваа година можете да ја остварите таквата желба. Но, ако не го сакате тоа, бидете внимателни. 

Бик

Ако барате љубов, тогаш ова е ваша среќна година. Љубовта ќе биде ваша главна тема најголем дел од времето во текот на 2017 година. Ако сте во врска, ситуацијата ќе стане посериозна. Поврзаноста со саканата личност ќе биде посилна, а ќе почнете да експертиментирате и нови нешта. Ова е одлична година за бременост.

Ако сакате успешна врска, тогаш морате да зборувате за своите чувства. 

Оние кои не се во врска, треба да излегуваат почесто и да покажат интерес за спротивниот пол. Најпривлечни ќе бидете во текот на летниот период, односно во јули и август.

Близнаци

Во текот на 2017 година, можете да очекувате подобрување во односите со другите луѓе. Тоа е поволен период за љубов, особено ако не сте во врска. Не барајте нова љубов меѓу пријателите. Пред се, ќе се случи љубов со некого кого не го познавате. Немојте да се плашите да излезете надвор од својата комфорна зона. Излезете на повеќе различни места. Љубовта на прв поглед е најдоброто нешто што може да ви се случи, а таа тропа на вашата врата оваа година. Ова ќе биде страствена врска.

Во 2017 ве очекуваат нови и возбудливи работи. Поздравете се со рутината, кажете и збогум. 

Ако сте во врска, очекувајте го неочекуваното. Можеби ќе добиете принова. Можеби ќе бидете многу нервозни поради сите промени во врската, па ќе се обидете да ги направите промените кон подобро. 

Во 2017 ве очекуваат и нови познанства. Бидете подготвени за сериозни љубовни одлуки на почетокот на март.

Рак

Во текот на 2017 година, низ зголемената интелектуална и физичка сила, ќе бидете многу моќни на љубовно поле. Доколку сте во врска, подгответе се за најдоброто. Подгответе се за оган од страсти и многу љубов. Нештата ќе се одвиваат многу брзо, а можна е и неочекувана бременост, но не се грижете. Оставете ги работите да се одвиваат сами по себе. 

Ако не сте во врска, ќе  ја најдете својата љубов во 2017 година. Многу лесно ќе се сложувате на различни средби со различни луѓе и едноставно ќе одлучите да уживате. Ќе бидете подруштвени од порано. 

Најубави месеци за романса се мај, октомври и декември. 

Лав

Ќе ви изгледа како нештата да се одвиваат многу бавно, но полека тие се движат кон подобро. Ако сте во врска, таа ќе стане многу посериозна и посериозно ќе влијае на вашиот однос. Можно е да донесете одлука да почнете заеднички живот со личноста со која се гледате. 

Ако сте во брак, ве очекува принова или селидба. На еден или друг начин, 2017 ќе ги пробуди вашите односи, бидејќи оваа година ќе научите многу работи, но понекогаш за жал и на потешкиот начин. Најголем дел од времето, љубовта ќе биде вашиот приоритет. 

На крајот на годината, ќе ве привлекуваат забавите, излегувањата и дружењата со пријателите. Којзнае, можеби односот со некој од вашите блиски пријатели ќе стане подлабок и ќе се претвори во љубов.

Мај е вашиот месец.

Девица

Оваа година ќе бидете подготвени за влез во нова врска. Може да станува збор за врска која на почетокот ќе биде само пријателска. Ќе ви биде тешко да се соочите со невообичаеното, но тоа е дел од вашиот карактер и енергија. Многу парови ќе се соочат со потешкотии поради желбата да се импресионираат еден со друг. 

Доколку сте во врска, нештата ќе станат посериозни, а чувствата поинтензивни. Воопштено, сите нешта ќе ви изгледаат различни. Дали промените ќе бидат на подобро или полошо, зависи од тоа како се носите со промените. 

Оние кои се во подолга врска ќе се обидат да пробаат нешто ново – селидба, нова работа или далечна дестинација за летен одмор. 

Оние кои не се во врска, најверојатно ќе се зближат и започнат врска со близок пријател.

Април е месецот кога конечно ќе кажете „те сакам!“

Продолжува на следната страна...