Љубов на Ленинова

Капа, шал, ракавици, слушалки во уши... Петок вечер 22:00 часот ладно, студи, завршив со работа и си тргнав накај дома пеш.Сите мислат дека сум луда што пешачам толку доцна наместо да фатам автобус или такси, но јас не знаев како да им ја објаснам магијата и спокојот кој го чуствувам кога шетам по Ленинова.

Слушајќи музика занесена во своите мисли...одеднаш, почувствував удар в рамо.Ја кренав главата ми се прекина мислата, ми паднаа слушалките.

Го кренав погледот и забалежав високо црно момче со продорен поглед, се загледавме ми се извини насмеано и ме помина.Во тој момент не можев да сфатам што се случи, стигнав дома и легнав во креветот. Замижев и пред мене се појави неговиот поглед, насмевка... Кој беше ТОЈ и зошто имаше толку големо влијание врз мене?

Го чекав следниот ден со нетрпение да поминам покрај Ленинова со надеж дека пак ќе го сретнам.И тоа се случи.Овој пат решив да направм некој гест со кој би можела да проговорам на кратко со него.Момчето со продорен поглед ми се приближи, застана и ми се насмевна.

-Внимавај велосипед има зад тебе (ми рече момчето)

Се заковав во место, не знаев што да направам.

Тој силно ме фати за рака и ме потргна од улицата смешкајќи се....Ух каков момент.

Но, тој замина.

Останав сама збунета (леле ја пропуштив шансата за да поразговарам со него) си помислив, немам среќа.

Другиот ден добив порака на Фејсбук, од момче кое не го познавав.На големо мое изненадување тоа беше момчето од Ленинова, кое имаше напишано НА ИСТО МЕСТО ВО ИСТО ВРЕМЕ, ВНИМАВАЈ КАДЕ ОДИШ:).Возбудено возвратив на пораката и оттогаш натаму започнавме интензивно да пишуваме.

Ленинова беше нашата улица каде заедно шетавме држејќи се за раце гушкајќи се нежно.Оваа улица и ден денес ми носи спокој во душата, каде неочекувано ми се случи искрена љубов за каква само можев да се надевам.