Листа на најзагадени овошја и зеленчуци

Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се здрави, но испитувањата покажуваат дека треба да се биде внимателен при изборот на овошје и зеленчук со оглед на нивната загаденост со пестициди. Веќе со години агенцијата „Environmental Working Group (EWG)“ го објавува нивниот список со „Нечиста храна“, а на врвот од оваа листа како најзагадено овошје со пестициди се најдоа јаболките.

Рангирани се 46 различни природни плодови кои кога би биле органски одгледувани ќе бидат многу здрави за нас. Според официјалните резултати од испитувањата, кај 67% од плодовите и откако добро ќе се измијат, пестицидите остануваат во нив.

Органски одгледуваните плодови се добар начин да се избегнат токсичните хемикалии кои ги содржат сите навидум здрави прозиводи. Нутриционистите секогаш препорачуваат балансирана исхрана со многу овошје и зеленчук, но кога внесуваме овошје и зеленчук внесуваме и токсини во организмот.

Пестицидите се поврзуваат со голем број на здравствени проблеми. Тие се канцерогени но и ги пореметуваат хормоните во телото, според Агенцијата за заштита на околината на САД. Меѓутоа стравот од пестицидите секако дека не е причина да се избегнуваат овошјата и зеленчукот, но се советува да се купуваат органски производи, особено кога станува збор за оние со тенка кора, како јаболката.

Погледнете ја на следната страница листата на овошје и зеленчук кои содржат најмногу пестициди:

Јаболки

Тестираните примероци на јаболки покажале траги од пестициди во 99 отсто случаи.

Јагоди

Јагодите се нашле веднаш под јаболката според количината на пестицидите која што е присутна.

Грозје

Во само едно зрно грозје се пронајдени 15 различни пестициди.

Целер

Во примероците на целерот се пронајдени 13 различни видови пестициди.

Праски

Тие според бројот на пронајдени пестициди се наоѓаат на 5-то место.

Спанаќ

Спанаќот е исто така мошне изложен на пестициди.

Црвена пиперка

Во овие пиперки се пронајдени дури 15 различни видови пестициди.

Нектарина

Секој примерок од нектарините увезени во Америка бил позитивен на пестициди.

Краставица

Краставицата се нашла на деветото место кога е изложеноста на пестициди во прашање.

Компир

Просечен компир има значајно поголема количина пестициди по тежина од кој било друг вид овошеј и зеленчук.

Шери домати

Шери доматот бил позитивен на 13 различни видови пестициди.