Инфекциите отпорни на антибиотици годишно во светот го одземаат живот на околу 700.000 луѓе. Ако не се преземе ништо за овој проблем и ако не се развиваат нови антибиотици, бројот на умрени од инфекции кои се резистентни на лекови, може да достигне до 10 милиони годишно во една генерација.

Здравствените стручњаци уште одамна предупредуваат на отпорноста на лековите кои се користат во борба против инфекциите, како и на можноста дека токму овој проблем може да стане закана за човештвото поголема отколку што е ракот.

Поради ова Светска здравствена организација (СЗО) во соработка со Одделот за заразни болести при Универзитетот во Тубингену во Германија, ја составила и првпат пат ја објавила листата на „приоритетни патогени“ бактерии отпорни на антибиотици, односно 12 соеви на бактерии кои претставуваат најголема опасност за човечкото здравје. Целта на објавувањето на оваа листа, меѓу другото, е владите и нивните здравствени политики да се поттикнат на истражување и развој на нови антибиотици, како и јавните финансиери да вложуваат во приватниот сектор.

Од СЗО посебно се нагласува опасноста од грам-негативните бактерии отпорни на повеќе антибиотици. Станува збор за бактерии кои имаат вградена способност да пронаоѓаат нови начини на отпорност кон антибиотските третмани. Тие имаат, исто така, способност да го „проследат“ генетскиот материјал, со што и на другите бактерии им овозможуваат да станат отпорни на лекови.

Д-р Марие-Паул Киенс, помошник на генералниот директор за здравство и иновации во СЗО, листата на 12 „супербактерии“ ја нарекла алатка во потрага за одговор на оваа итна јавноздравствена потреба.

„Резистенцијата на бактериите на антибиотиците е во пораст, а ни истекуваат можностите за лекување. Ако тоа се остави само на пазарот, новите антибиотици кои се најитно потребни нема да бидат развиени на време“, вели д-р Киенс.

Најкритичната група се однесува на бактерии отпорни на повеќе лекови. Станува збор за патогени кои се посебна закана меѓу луѓето со намалена отпорност - имунитет во болниците, старските домови, меѓу пациентите чија грижа бара апарати како што се на пример, интравенски катетери. Тој сој ги вклучува бактериите Acinetobacter baumannii, Pseudomonas aeruginosa и разни Ентеробактериаце (Клебсиелла, Е. коли, Сератиа, Протеус...). Многу од нив предизвикуваат сериозни и често смртоносни инфекции, како што се инфекции на крвотокот (сепса) и воспалување на белите дробови.

Високата и средната категорија на приоритет ги содржи другите бактерии кај кои расте отпорноста кон лековите, и кои повеќе ги предизвикуваат вообичаените болести, на пример како гонореја или труење со храна предизвикана со салмонела.

Продолжува на наредната страна........