Ликовен хепенинг во општина Карпош

На плоштадот „Делфина“ во населбата Влае денеска се одржа ликовен хепенинг за најмладите жители на општина Карпош.

Заменик-раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес Гордана Стојчевска – Зафировска информира дека ова е втора година како локалната самоуправа и Детскиот ликовен центар ја одржуваат оваа ликовна манифестација за најмладите жители на Карпош.

– По шест дечиња од четирите градинки во општина Карпош сликаа и твореа уметнички дела во слободен стил. Наша цел е да го поттикнеме уметничкиот талент кај најмладите, нагласи Стојчевска- Зафировска.