На Фејсбук луѓето масовно ја сподеуваат приказната која може да послужи како рецепт за добра љубовна врска. Брајан Ривс, психотерапевт и експерт за врски, напишал текст во кој споделил едно лично искуство, кое на многумина би можело да им биде значајно: некои конечно би пресекле и би ја прекинале врската во која не се среќни, додека пак други уште повеќе би ја зацврстиле својата врска.

Во продолжение прочитајте ја неговата приказна.

„Избери ја (или остави ја)“

Поминав  5 години повредувајќи една прекрасна жена. Ја повредував со тоа што останав со неа, а никогаш во суштина не ја избрав неа.

Сакав да бидам со неа. И навистина сакав да ја одберам баш неа. Таа беше феноменална жена, посебна, забавна, секси и сензуална. Умееше да ме засмее до солзи со својот мрачен хумор, а од нејзината егзотична убавина ми застануваше здивот. Секојдневното будење со неа во моите прегратки беше моја дефиниција за среќа. Многу ја сакав.

Но, како што тоа бидува со многу млади парови, нашето незнаење за љубовта набрзо доведе до проблеми во односот. Прекрасните утра беа заменети со затегната атмосфера, а нашето секојдневие стана исполнето со обострано незрело однесување. Често се затекнував сам ебе како се прашувам дали можеби постои друга жена која можам полесно да ја сакам и која може подобро да ме сака.

Како што поминуваа месеците, а таа мисла се повеќе одекнуваше во мојата глава, јас се помалку и помалку ја одбирав. Секој ден, во период од  години, ја бирав за милиметар помалку.

Останав со неа, но престанав да ја избирам.

И двајцата патевме.

Бирањето би подразбирало секојдневно фокусирање на подарокот кој таа беше во мојот живот и на кој лесно можев да бидам благодарен: нејзината смеа, нејзината убавина, сензуалност, разиграност, партнерство и уште многу, многу.... многу други работи.

Но, за жал, често беше невозможно да прифатам и да ги видам тие работи кои беа добри кај неа.

Бев премногу фокусиран на лутината, несигурноста, барањата и другите аспекти од нејзината јака личност, а кои ме излудуваа. Колку повеќе обрнував внимание на нејзините најлоши карактеристики, толку почесто ги гледав, а потоа и возвраќав, како огледало, нудејќи го своето најлошо однесување. Секако, се ова стави дополнителен притисок на нашата врска, а јас и понатаму ја избирав се помалку и помалку.

И така, овој несреќен филм се вртеше се помалку и помалку.

Таа многу се бореше за да ја изберам. Но, тој труд беше залуден.

Не можете да натерете некој да ве избере, дури и кога можеби ве сака.

Да бидеме фер до крај, ни таа во потполност не ме бираше мене. Разјарените зборови кои често ми ги упатуваше беа доволен доказ за тоа.

Меѓутоа, сега сфаќам дека таа често беше со право лута, затоа што не се чувствуваше доволно безбедно и сигурно со мене. Го чувствуваше моето секојдневно небирање – во моите зборови, постапки и се плашеше дека ќе си отиде.

Во суштина, јас навистина ја напуштив.

Ја напуштив со тоа што во потполност и секојдневно не ја избирав во текот на тие 5 години, што се фокусирав на тоа што ми смета наместо на тоа што го сакам. Јас ја напуштив.

Како скапоцен, миризлив цвет кој сум го донел дома, а потоа сум заборавил да го полевам, на ист начин безброј пат ја оставив сама да вене во пустината на нашата врска.

Никогаш веќе нема да дозволам да дојдам во ситуација да не ја одберам жената којашто ја сакам.

Тоа е мачење за сите.