Лицето никогаш не лаже: 3 неверојатни работи кои вашето лице ги открива за вас

Разни науки се занимаваат со човечката личност, но и проучувањето на гестовите, мимиките и физиономијата, а некои од овие истражувања дури и биле инспирација за филмови и серии. Дознајте кои три несекојдневни работи вашето лице ги кажува за вас.

Агресија

Истражувањата покажале дека агресијата може да се препознае на лицето на мажите. Науката открила дека односот на висината и ширината на лицето, односно колку е тесно и широко лицето, се во тесна поврзаност со агресијата. После многу истражувања е заклучено дека повисокото ниво на тестостерон е во врска со ширината на лицето и доминантното однесување кај мажите.

Сексуалната ориентација

Истражувањата покажале дека одредени фацијални изрази можат да ја покажат сексуалната ориентација на личноста. Во едно истражување во програма за моделирање, обработени биле многу лица на луѓе со различна сексуална ориентација. Во заклучокот било наведено дека помеѓу хетеросексуалните и хомосексуалните жени се разликуваат по 17 до 63 фацијални карактеристики, додека кај хетеросексуалните и хомосексуалните мажи оваа разлика се движи од  11 до 63.

Личноста

Едно истражување ја проучувала поврзаноста на лицето и карактерот користејќи модел на личноста наречен „Големата петорка“ (отвореност, совесност, екстровертност, вклопливост и невротичност) и 3Д слики на околу 1000 испитаници. Кај мажите, совесноста и вклопливоста се поврзани со одредени црти на лицето. Кај оние кои се сложуваат со сите и се вклопуваат во друштво имале поткренати веѓи.

Луѓето кои имале спротивен карактер имале понападна вилица и веѓи. Оние кои биле совесни имале поизразени и поткренати очи и погусти веѓи. Нивната горна усна е позатегната, а мускулите околу устата често биле затегнати околу широката вилица. Луѓето кои биле помалку совесни имале поопуштени мускули на лицето и поспуштени усни и очи.

Жените кои биле поекстровертни имале поистурен нос и усни, а вовлечената брада и мускулите на устата се задолжени за џвакање.