ЛЕТУВАЊЕ ЗА “ПЛИТОК ЏЕБ“: Можно е, и еве каде!

Не секогаш мора да имате многу пари за да отидете на летување и да се чуствувате како турист од милион долари.

Во статијава ви предлагаме неколку идеи токму за оние со плиткиот џеб.

Сицилија 

Сицијлија во последните години стана едно од омилените летувалишта за многумина. Постојат бројни пакети аранжмани кои почнуваат од 355 евра за седум дена па нагоре во зависност од побарувањата.

Шпанија

Интересно е да се летува и во Шпанија, а аранжман од седум дена чини во зависност од бројот на ѕвездички на хотелот. Така на пример според понудите кои ги сретнавме во хотел со три ѕвезди во претсезона може да престојувате за 269 евра па нагоре во Коста Брава.

Коста Брава е крајбрежен регион и популарна туристичка дестинација поради умерената клима и прекрасните плажи со кристално чиста вода и волшебен, ситен песок.

Додека еден дел од брегот на Коста Брава станал развиена туристичка дестинација, останатите делови го задржале традиционалниот изглед и станале „скриенa скапоценост“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, море, песок и Сангрија.

Бугарија, Романија

За сите оние кои сакаат да летуваат поблизу до дома-во Бугарија, аранжмани во Сончев брег, покрај убавиот Несебар, цените се движат од 11 евра за ноќевање па се до над 20 во зависност од хотелот.

Слични се цените и на Златните песоци, познати по фантастичната песочна златна боја.

Летување малку подалеку од соседството може да ве однесе и до Романија, ако ви досадија Црна Гора и Грција. Пристапните цени на сместување се главен адут во рацете верувале или не на Романците.

Мамаја и Констанца се подобри места од Будва сто пати. Мамаја има жичара, аква парк, и уште многу работи. Старите хотели се реновирани, а цените на храна и работи се слични како во Скопје-раскажуваат наши соговорници.

Сместување кое може да си го резервирате уште додека сте во Скопје се движи од 6 евра за вечер во зависност од тоа колку ѕвезди има хотелот. Исто така, сместувањето во приватни куќи и станови се движи од 5 до 10 евра по ноќевање.

Па доколку ви здосадија соседните дестинации, еве шанса да си поминете интересно на дестинација која досега не ви доаѓаше на памет.

Дубаи

Ни далечните патувања веќе не им се недостапни на нашите туристи, бидејќи краток одмор во Дубаи за промотивни цени може да ве чини од 145 евра со пет дена и четири ноќ.

Космополитски дух, насмеани лица, взаемно почитување, висок животен стандард, фасцинантна архитектура, возбудливи авантури…се тоа може да го искусите само во Дубаи.

Неум, Босна и Херцеговина

Ова место не е преногу близу од кај нас, но ретки се оние кои се впуштаат во таа авантура да пробаат нешто поинакво. Сепак, оние кои ја посетиле оваа туристичка дестинација велат дека ова е вистинскиот „неоткриен бисер“ на Јадранот.