Во петок започнува со работа XL Summer Club, од клубот најавуваат дека посетителите ги очекува вистински спектакл, одлична забава и многу позитивни спомени.

Во петок, забавата ќе биде режирана од скопскиот миленик Димитрис Патсис кој доаѓа од клубот Перл во Калитеа, а во сабота на диџеј пултот ќе бидат добро познатите македонски диџеи: ДЈ Боби од Сити Радио и Марга Сол.