Лето во градот: Скопјаните одат на одмор, провинцијалците си одат по дома

Цели 37 степени целзиусови покажува термометарот во центарот на Скопје.Улиците се жешки и речиси празни. Градот е изморен од секојдневието и од неделата која поминала и него го мачат високите температури, се чувствува веќе заситен и изморен. Му треба малку релаксација, воздишка и одмор.

Поминува првата половина на јули, температурите одат нагоре, енергијата надоле. Секој ден една иста слика насекаде околу нас: исти луѓе, исти случувања и настани и се некако се врти во круг.  Каде и да одиш, што и да правиш во текот на летото – тоа е тоа, тоа е Скопје. Но, Скопје преку лето има неколку проблеми кои сите нас на загрижуваат или пак ќе ги наречам мани или доблести (сеедно)...

Скопје преку лето станува град во кој функционираат летните дискотеки. А, истите се одлична можност секој исончан или поцрнет скопјанец да покаже дека летово бил малку порано на одмор.  И солидна можност цело Скопје да те види како уживајќи на едно од најглавните сепариња во диското покажуваш дека си главен фраер или фраерка во Скопје.

Скопје полека почнува да се празни. Скопјаните одат на одмор, провинцијалците си одат по дома. И верувајте Скопје станува прекрасно место за живеење, творење и уживање. Најубаво е чувството кога ќе застанеш на рекорд на семафор, а таму или нема или речиси има многу малку гужва. Не можам да ви го опишам тоа чувство во тој момент. И да сакаш не можеш да слушнеш битолски, тетовски, кумановски и охридски дијалект и  не дека нема , но значително се изретчени нафураните фаци низ Скопје – затоа што нели тие цело лето за на плажа во некоја од соседниве земји. Но, улиците се празни и нема енергија, нема раздвиженост. Нема сеир. Семафорите работат за џабе, трошат струја на празно. Само пензионерите ги гледаш по улиците.

Скопјани го живеат летниот сон. Сите се лабави изрелаксирани и искулирани. Никој со ништо не се замара и речиси ништо не функционира. Ретко може да се најде човек кој функционира во текот не целиот ден со својот капацитет и енергија. Во банка се заспани на шалтер, во катастар не им работи компјутерот, на базен портирот го мрзи да ти одговори на прашањето, во автобус е ладно, на пазар на продавачот му е топло.

На крајот морам да го споменам чудниот менталитет на Скопјани: кејот е преполн со секакви луѓе. Слаби, дебели, високи, ниски...и сите нив можам да ги разберам, само не можам да разберам оние кои на трчање доаѓаат исто како на модна писта. Дотерани, нашминкани, средени...

Убавта страна на живеењто во Скопје на +40 степение: Сладоледите и лубениците кој се дел од летото во Скопје, фонтаните и разладувањата во нив, убавината на градскиот парк,  кејот, кратките здолништа, убавите насмевки, релаксираноста на градот, позитивната енергија...  и сево ова си дава свој придонес за позитивното расположение да го има во текот на целото лето, а од септември да се вратиме повторно во најјака форма.