Летен хороскоп: Рак, Лав и Девица

Што ни носи астро-прогнозата за ова лето за Раковите, Лавовите и Девиците?

Рак

Љубов

Од 5 август до 6 септември ве очекува сјајен период во љубовта, бидејќи магичната Венера ви носи можност за запознавање нови луѓе и ви носи дружења со пријателите. Потрудете се да решите некои семејни проблеми пред 5 август, или пак ризичниот однос со партнерот. Треба да знаете дека е важен трудот и посветеноста од ваша страна, инаку можно е да дојде до раскинување.

Ако ја завршите романсата пред 5 август, постојат шанси лесно да се заљубите повторно. Имате одлични можности да ја подобрите комуникацијата со блиските и да ја освежите љубовта, но од вас зависи дали ова лето ќе доживеете среќна романса. Страстите ќе бидат најсилни меѓу 18 мај и 24 јуни. 

Работа

Јупитер се наоѓа спротивно од Сонцето, што носи недостатоци на полето на работата. Избегнете ги непотребните вложувања и непрецизни и нејасни инвестиции. Отворете ги очите, внимавајте на лажни ветувања и понуди кои носат многу пари, а малку работа. Пробајте да ја намалите анксиозноста и стресот и играјте на сигурно ова лето. 

Транзитот на Меркур и Венера ќе им донесе среќа на оние кои бараат нова работа. Многумина ги очекуваат правни или административни проблеми кои сепак ќе бидат решени во краток временски период.

Здравје

Ако почувствувате непријатни симптоми, не го одложувајте одењето на доктор. Пробајте да не ја занемарите телесната тежина, бидејќи таа значително ќе влијае на нашето здравје. Летото е идеален период да поработите на своето здравје и да ја подобрите физичката активност.

Лав

Љубов

Венера ви носи спокој во љубовта од 4 август. Ќе успеете да ја зацврстите моменталната врска или пак ќе имате можност да запознаете интересна личност. Ова лето во вашите животи се враќа слаткиот вкус на љубовта. Јупитер ќе ве прави особено шармантни, пријатни и заводливи, па така можни се романси кои ќе се претворат во долгорочна љубов. 

Најдобар период за тоа е крајот на септември, тогаш ќе се исполнат многу романтични желби. Ако сте во врска, можно е во текот на летото да почувствувате силен наплив на страст.

Работа

Летниот период нема да ви биде многу наклонет кога станува збор за работата. Сатурн е во опозиција а тоа ќе ви го отежнува работењето на проектите кои одамна сте ги започнале. Ќе вложите многу труд, а ве очекува и ментален и физички замор. Бидете внимателни, не се откажувајте, но внимавајте и на ризичните инвестиции и непотребни трошоци. 

Можни се и непотребни конфликти со колегите. Поволна ситуација ве очекува во текот на септември, кога ќе добиете унапредување или некакво покачување, но тоа зависи и од односот со надредените кои треба да го забележат вашиот труд.

Здравје

Можен е замор и проблеми со менталното здравје во текот на летото. Не дозволувајте да ја изгубите контролата над стресот. Исто така, избегнувајте да се занимавате со агресивни спортови.

Девица

Љубов

До 4 август ве очекуваат убави вести на ова поле, а од 5 август некои работи почнуваат да се менуваат за вас и конечно ве очекува убава среќа. Венера ви носи убави моменти во љубовта во текот на август и септември, се појавуваат нови чувства, емоции и страст. Многу Девици ова лето ќе се заљубат,а  ќе запознаат и нови пријатели и ќе ги решат своите семејни проблеми. 

Девиците кои се во врска ги очекуваат крупни чекори како забременување, брак или почеток на заеднички живот. 

Работа

Сатурн не ви носи преголема среќа на ова поле, особено кога станува збор за финансиите. Под негативното влијание на оваа планета, ве очекува напорна работа и замор, а трошоците ќе ви се зголемат. Нема да можете успешно да штедите, иако постојано ќе се трудите да го правите тоа. Ве очекуваат драстични одлуки. Не се плашете од промените, туку стекнете храброст да се соочите со работите кои доаѓаат, тоа ви носи позитивни промени на долг рок.

Здравје

Ќе бидете уморни и исцрпени што може негативно да се одрази на вашето здравје и физички изглед. Ќе имате мудрост за сите, освен за себеси. Потрудете се да се храните поздраво, да бидете физички активни и да се опуштите.