Лесно и едноставно: За 1 минута дознајте дали боледувате од нешто

Се’ што ви треба е лажичка и најлон кеса, а на овој начин можете да проверите дали е се во ред со вашиот респираторен систем, цревата, хормоните, метаболизмот, бубрезите или забите.

Единствено што треба да направите е со лажичката да изгребете малку наслаги од површината на јазикот. Кога ќе го правите тоа, трудете се наслагите да бидат поблиску до грлото.

Потоа, замотајте ја лажичката во најлон кеса и оставете да одстои 60 секунди под силна светлина на сијалица. Светлината од сијалицата помага во развојот на бактериите, затоа што колку што е посилна сијалицата, толку резултатот е повидлив.

Кај здрав човек наслагите ќе бидат чисти. Меѓутоа ако ги има многу, тие се со чудна боја и непријатен мирис, а тоа може да биде ран знак за проблеми со белите дробови или дишните патишта, јетрата, бубрезите или хормоните.

Ако сте добиле резултат со чудна боја и непријатен мирис, најдобро е да го посетите докторот и да испитате за каков здравствен проблем се работи. Доколку е во прашање некој овошен мирис, тоа може да укажува на кетоацидоза, односно на пореметување на метаболизмот, кој може да предизвика и развој на дијабетес. Ако почувствувате непријатен мирис кој потсетува на амонијак, можно е да имате проблеми со бубрезите. Сепак не паничите веднаш, непријатниот мирис не мора секогаш да биде знак за некоја болест. Всушност, најчесто се работи за проблеми со крајниците или непцата или за кариес.