Лесен трик за вкусен ајвар без многу мака

Ако оваа година немате доволно време и услови за да печете пиперки, да ги лупите, мелете, тогаш искористете го овој едноставен и лесен трик.

Ајварот кој се продава по маркетите, пред да го консумирате мора да се пропржи, но со овие додатоци не само што ќе добиете половина тегла повеќе ајвар, туку тој ќе го има и истиот вкус како домашниот.

За подготовка ви се потребни следниве состојки:

5 тегли готов ајвар
3 модри домати
Масло

Количината ајвар и модар домат можете да ги одредите сами.

Начин на подготовка:

Модриот домат ставете го во рерна да се испече, а откако ќе завршите со печењето излупете го и измелете го. Во едно тенџерче истурете го готовиот ајвар, а потоа додајте го измелениот модар домат, заедно со малку масло. Ајварот и модриот домат пржете ги 1 час.

Пред да завршите со печењето, затоплете ги теглите во рерна, а потоа жешкиот ајвар префрлете го во нив. Складираниот ајвар ставете го повторно во исклучена рерна да отстои неколку часа, дури потоа изладете го во фрижидер.

Сепак, највкусен е ако го консумирате веднаш по пржењето додека е тазе со топло крцкаво лепче кое ќе ви се топи во устата.