Состојки:
300 гр шампињони
1 главица кромид
2-3 моркови
масло
бибер
3 чешниња лук
200 мл павлака
зачин
сол
магдонос
Начин на подготовка:
На масло пропржете ситно сечкан лук и додајте на кругови исечкани моркови. Потоа додајте шампињони исечкани на листови и малку вода, па динстајте околу 20 минути на тивок оган додека целосно не испари.
Додајте зачин, сол, бибер и на крај измешајте павлака.
Исклучете го шпоретот, а потоа додајте сечкан кромид и магдонос.
Добар апетит!