Ова е вкусен, но лесен оброк во кој нема да морате да ги броите калориите.

Потребни состојки:

3 големи јајца

5 белки

280 гр. свеж спанаќ

200 гр. шери домати

4 кришки моцарела

1 кромид

2 лажици маслиново масло

Загрејте го маслиновото масло во големо тавче, и во него испржете го кромидот иситнет на ситни парчиња. Потребна ви е 1 минута за тоа. Потоа, префрлете го кромидот во посебен сад во кој сте ги измешале јајцата и белките и сте го додале спанаќот.

Вратете ја во тавчето целата смеса, а на врвот распоредете ги шери доматите исечени на половина. Поклопете го тавчето.

Во претходно загреана рерна на 200 степени ставете ја фритатата и почекајте 4 минути додека не биде готова.  Одозгора ставете ги парчињата моцарела и оставете ја да се допече уште една минута додека на се растопи моцарелата.

Исечете на четири дела и послужете со парче леб.