Лепенец значително го збогатува Вардар со големи количини ѓубре и пластика

Деновиве се забележани зголемен број на отпадоци кои од реката Лепенец се влеваат во Вардар. Иако ова не е редок случај сепак изминативе денови состојбата ескалираше за што сведочат и граѓаните. 

- Лепенец како лева притока на Вардар може да се каже дека е еден од најголемите негови загадувачи. Шут, смет, пластика низ водата се секојдневна слика. Цели острови од пластични шишиња се влеваат во Вардар. Децата си играат во близина а што се` тече низ реката никој не знае - вели Виолета О. жителка на населбата Злокуќани.

Жителите на околните населби велат дека дивите депонии на територија на Ѓорче Петров се главни загадувачи и на водата и на почвата а само мал дел од тоа се гледа кога ќе заплови низ Вардар.

За сега никој не прави никакви напори да се реши проблемот кој од ден во ден ескалира.