Лепа Брена овој петок во Скопје!

Балканската мега ѕвезда Лепа Брена на 5 мај ќе пее на третиот роденден на популарното кафуле „Дежаву“ во Капитол мол.

Како што велат организаторите, Брена во Скопје не настапувала повеќе од 15 години, па затоа нејзиниот ексклузен настап ќе биде токму на третиот роденден на „Дежаву“ за кој пејачката подготвува музичка програма која ќе трае повеќе од два часа.

Деновиве за концертот на Брена се бара место повеќе, а од популарниот кафе-ресторан велат дека резервациите се веќе готови, сѐ е преполно, па затоа решиле да го зголемат капацитетот со дополнителни 100 коњопои, за да можат скопјани да уживаат со хитовите на фолк дивата.