Лепа Брена одбележува 35 години од кариерата со концерт во Скопје

Балканска фолк-дива, Лепа Брена, доаѓа на голем концерт во Скопје. Концертот е закажан на 15 декември во Вип Арената “Борис Трајковски”, и е дел од големата турнеја со која одбележува 35 години професионална кариера на естрадната сцена.

Брена беше прва од Балканот која ги наполни сите стадиони од регионот и пошироко, на своите концерти се симнуваше со хеликоптер, направи видео револуција со скапите видео спотови снимани на егзотични локации ширум светот, прва воведе новитети во поп жанрот, а ја сруши и гледаноста во сите кино сали низ поранешна Југославија со трите делови од филмот “Хајде да се волимо”.

Верната публика која со нетрпение го очекува концертот на легендарната миленичка на сите генерации, во декември ќе може да ужива во неповторливата ноќ во која ќе бидат изведени најголемите хитови на сите времиња, како и најновите хит песни на незаменливата Брена.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 27. Септември 2018 год. и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, “Пола Југотон” и“Цвеќара Розе” – Веро 2.