Лени Кравиц во Скопје доаѓа со специјална гостинка

Lenny Kravitz доаѓа со специјална гостинка, младата соул пејачка Annahstasia Enuke која ќе го отвори концертот во Скопје на 03-ти мај.

Annahstasia е 23 годишна американска музичарка со потекло од Нигерија која зад себе има EP со наслов „Sacred Bull“. Растена во мешана фамилија, Annahstasia почнува да пее на 14 години, на 16 годишна возраст веќе пишува музика, додека на 18 години почнува да ја истражува музичката индустрија.

Фокусот на нејзината уметност е на тематики како домот, идентитетот, природата и феминизмот.

Музичката критика го карактеризира нејзиниот вокал како моќен, споредувајќи го со оној на Sade и Amy Winehouse.

Во моментов, Annahstasia е актуелна со нејзиниот сингл „Summer Madness“.