Лекови има доволно, не правете залихи во домовите

Не правете залихи од лекови. Ова како апел го испрати министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи. Тој апелира граѓаните да ги почитуваат стручните препораки од матичните лекари. 

-Применувајте примарно телефонска и електронска комуникација со здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба. Почитувајте ги стручните препораки од матичните лекари за зачувување на здравјето и за правилно лекување. Не купувајте лекови непотребно, односно не правете непотребни залихи на лекови во вашите домови. Лекови на рецепт на товар на Фондот има во доволни количини, во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства, напиша министерот.

Тој порача дека сите треба да се однесуваaт одговорно и без паника, со што ќе се заштити здравствениот систем, а со тоа и сите граѓани.