Лекција за душата...

 

Ако постојано се прашувате зошто имате толку проблеми во животот, прочитајте ја оваа приказна. Можеби ќе ви помогне да сфатите нешто важно за себе.

Душите седеле на тркалезна маса и ја одбирале својата следна задача. Тогаш една храбра и силна душа станала и рекла: „Овојпат ќе отидам на Земјата и ќе научам да простувам. Кој ќе ми помогне во тоа?“

Другите души, иако со симпатија, малку уплашено рекле: „Тоа е една од најтешките лекции... Можеби нема да ти биде доволен еден живот за да успееш во тоа... Многу ќе патиш. Многу ни е жал за тебе, но можеби сепак ќе успееш – ќе ти помогнеме...“

Една душа рекла: „Подготвена сум да те следам на Земјата и да ти помогнам. Ќе ти бидам брачен другар и во нашиот семеен живот, проблемите ќе бидат по моја вина, а ти ќе учиш да ми простуваш.“

Некоја друга душа рекла: „Јас би можела да ти бидам родител и да направам детството да ти биде тешко. А потоа ќе ти се мешам во животот и работата, а ти ќе учиш да ми простуваш.“

Уште една душа додала: „Јас ќе ти бидам шеф, кој често ќе биде строг и неправеден, за да можеш да почувствуваш како е да простуваш.“

Уште неколку души се договориле да се среќаваат со неа во различни периоди од животот, за да ѝ донесат некаква лекција. Секоја душа избрала своја лекција и заеднички направиле план како да ѝ влегуваат во животот и да ја учат. Кога планот бил готов, тие се отелотвориле на Земјата.

Но, школата за души е таква што во моментот на раѓање, кога започнуваат нова лекција, нивното сеќавање се брише. Само ретки можат да почувствуваат дека ништо не е случајно и дека секој човек во нашиот живот се појавува баш кога ни е потребна лекцијата која тој ја носи со себе.

cheap nike free run 5.0