Лекции кои луѓето ги учат предоцна во животот

Кои се лекциите кои луѓето ги учат предоцна во животот?

Перцепцијата е реалност

Вистина е. Начинот на којшто го разбираме и интерпретираме светот влијае на нашите верувања и начинот на живеење. Перцепцијата создава субјективност како што креира разбирање. Таа креира страв и затвореност, на ист начин како што креира и љубопитност.

Вистината е дека луѓето секогаш сакаат повеќе одошто имаат. Дури и на потсвесно ниво. Начинот на кој ги доживуваме нештата е значаен дел од нашата перцепција, а тоа полека станува наша реалност.

Сите нешта се привремени

Добрите времиња се привремени, но исто е и со лошите. Затоа, кога сте горе, насмевнете се и уживајте во тоа. Кога сте долу, допуштете тоа да се случува, да поминете низ лошите работи и стегнете ги забите знаејќи дека ќе дојдат подобри времиња. Животот е полн со успеси и неуспеси, тага и среќа, но и многу изненадувања.

Бидете свесни дека е важно патувањето, а не дестинацијата.

Постои лекција во сите нешта кои ни се случуваат. За некои луѓе, а особено младите е многу тешко да го ценат животот.

Важно е да се биде присутен во сегашноста

Ако сте депресивни, живеете во минатто. Ако сте нервозни, живеете во иднината. Ако чувствувате мир, вие се во сегашноста. – Лао Це

Многу често чувствуваме немир и каење за некои работи кои се случиле, но и се нервираме за работи кои треба да се случат. Важно е да се грижиме за иднината, но не до тој степен да дозволиме тоа да ни влијае на сегашноста. Уживајте во моментот додека го имате, бидејќи моментите мошне брзо се претвораат во спомени.

Правете го тоа што го сакате, сакајте го тоа што го правите

Работата е мошне значаен дел од нашиот животот, на кој се посветуваме. Ако не сме среќни на работа, таквата несреќа преминува на другите области во нашиот живот. Додека ништо не е совршено, важно е да се посветиме себеси на целите кои сакаме да ги постигнеме и притоа да бидеме задоволни со себеси.

Тоа се однесува и на животот надвор од работа. Кои навики и хобија треба да ги отстраниме? Кои треба дополнително да ги развиваме? Притоа, успехот во тоа не е само еден момент, туку серија на триумфални моменти.