Лекции кои ги научивме од лошите врски

Секој од нас кој има некакво искуство во љубовта може да се сети на непријатни моменти во кои сме мислеле дека е крај на светот, но потоа од кои сме научиле важна лекција. Без оглед на тоа дали денес сме во врска или не, сепак имаме научено некои работи од лошите врски и состаноци.

Добриот прв состанок може да донесе лош втор состанок, исто како што личноста на почетокот е интересна, слатка и убава, потоа да стане напорна и непријатна.  Во тој случај, клучот лежи кај нас, дали ќе и дадеме шанса на личноста или ќе си заминеме.

Постои еден добар знак дека некој е заинтересиран – тоа е вниманието кое тие ви го даваат. Ако личноста ве слуша, поставува прашања и ви обрнува внимание, тоа значи дека тие се присутни во моментот и дека сте им важни.

Говорот на телото и интуицијата се секогаш во право. Секогаш кога ќе имате некакво чувство дека работите не се во ред, тие навистина не се. Тоа го покажува времето.

Оној кој ве почитува, никогаш нема претерано да инсистира на некои работи. Нема да инсистира на секс, нема да прави обиди да ве смени, или пак да ве натера да заборавите на своите пријатели. Тој ќе ве прифати такви какви што се, или ќе си замине.

Опсесивното насочување кон одредена личност не е најдобар начин да се запознаете и зближите. Запознавањето бара време и тоа треба да се одвива чекор по чекор. Тоа доаѓа постепено или пак воопшто не доаѓа.

Ако некому навистина му се свиѓате, тој нема да си замине така лесно. Таа личност ќе се бори за вас, ќе сака да разговара за нештата и проблемите и ќе се обиде да ги поправи грешките.