Лекарите советуваат: По долгите пости да се внимава со внесувањето мрсна храна и јајца

Да не се претерува со мрсно и  јајца за Велигден, советуваат лекарите. После долгите пости во организмот треба постепено да се внесува  храна од животинско потекло и и да се изедат толку јајца колку што се конумираат вообичаено.

-Во текот на овие денови посебно да се внимава на внесот на храна од животиснко потекло. Храната од животинско потекло постепено да биде внесувана и сеуште да бидат на трпезата наредните денови застапени продуктите од растително потекло. Значи овошје и зеленчук во поголеми количини. Да се почне со јајцата 1 до 2 до 3 максимум, понатаму со месните производи и секогаш да се внимава да не дојде до прејадувањеи мешање на продукти од животинско потекло зошто тоа ќе доведе до дополнителни тешкотии, изјави д-р Оливера Арсиќ,  интернист во Здравствен дом Скопје.

Доколку не се почитуваат лекарските совети може да дојде до здравствени проблеми во дигестивниот и кардиоваскуларниот систем.

-Во дигестивниот систем дајави надуеност, умор потешкотии и до потешки компликации панкреатитис, а во кардиоваскуларниот сиситем да доведе до покачување на крвниот притисок, додаде д-р Арсиќ.

Од друга страна да се внимава и со консумирањето алкохол, кој во комбинација со мрсна храна е вистинска бомба за организмот. Инфектолозите предупредуваат  јајцата да се јадат најмногу до 3-от ден откако ќе бидат сварени и бојадисани. Топлото време многу лесно може да ги расипе и да предизвика труење.