Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден кога се подготвува масна храна и богата трпеза,  лекарите и годинава со низа препораки да се внимава со конзумирањето храна, особено за оние кои претходно постеле.

-Како и секоја година наша препорака е многу да внимаваат луѓето особено на консумација на храна да бидат умерени во тој дел, особено оние христијани кои одлучиле да постат 48 денови без масна храна мора да внимаваат почнувањето со масна храна на биде постепено, умерено во помали количини но оваа препорака се однесува и на оние другите кои не постеле, не ги почитувале велигденските пости да се воздржат од конзумација на голема количина на храна, овошјето, зеленчукот да бидат добро измиени, оброците да бидат помали, почести и воздржување на алкохол во големи количини само така да се не дојде до прејадување  и до оние несакани последици – изјавуваат лекарите

Како што додаваат треба да се внимава и со консумацијата на јајца, а пред се луѓето кои имаат здравствени проблеми.

-Јајцата да се стават во фрижидер бидејќи колку и да се верува дека таквите јајца долго време остануваат употребливи за исхрана тополото време и неповолните услови за чување си го прават своето затоа нашата препорака е јајцата после еден два дена да се чуваат во фрижидер, велат тие.

Велигденскиот пост трае седум недели, од Прочка до Велигден, при што верниците се откажуваат од конзумирање масна храна и се посветуваат на телесно и духовно прочистување на организмот. Затоа внесувањето на обилна храна може да му наштети на организмот кој долг период јадел лесна храна.