Лекарите со препорака: Децата на сонце само со висок фактор на заштита

Пред почетокот на летната сезона, лекарите упатуваат апел до сите родители да внимаваат на своите деца кога се на сонце и истите да ги заштитат.

Според проценките на експертите 50 до 80% од трајните оштетувања на кожата предизвикани од сонцето настануваат на возраст пред 18 години. Затоа за време на летниот одмор кога децата поминуваат голем дел од времето на отворено, важно е тие да се заштитат од сонцето.

Нанесување средство за сончање пред да се излезе надвор

Нанесете крема за сончање со минимум 15 заштитен фактор на кожата на вашето дете, 15 до 30 минути пред тоа да излезе надвор. Тоа ќе овозможи средството за сончање навремено да се апсорбира и со тоа да се овозможи неговата максимална заштита.

Продолжете да нанесувате средства за сончање

Вообичаена препорака од многу здравствени организации е да се нанесува средство за сончање на секои 2 до 3 часа. Користете водоотпорни средства кога вашето дете си игра во вода. 

Избегнете го јакото сонце

Сончевите зраци се најштетни помеѓу 11 и 16 часот. Советувајте го вашето дете да биде на затворено или под сенка за време на овој период.

Едуцирајте ги децата за опасноста од добивање изгореници од сонце

Вашето дете треба да разбере дека мора да користи средства за сончање за да се заштити себеси од добивање изгореници. Ова е особено важно кога децата летуваат без вас, кога одат во летен камп или на школски излет.

Очила за сонце

За најдобро да ги заштитите очите на вашето дете од силната сончева светлина, потребно е тоа да носи поларизирани очила за сонце со УВ заштита.

Облеката како заштита

Исто така, важно е вашето дете да носи заштитна лесна облека која ги покрива сите делови од детската кожа, како и капи со широка сенка. Иако можеби сте со мислење дека памучните водени маици го заштитуваат детето од сонцето, тоа не е така и точно е токму спротивното. Некои бели ткаенини, после навлажнувањето пропуштаат голема количина УВ зраци.