Лекарите препорачуваат мерки за заштита од грип и вирози – болниците полни со пациенти

Лекарите советуваат дека покрај редовното земање на витамини, доколку се има можност да се избегне градската средина и да се прочистат белите дробови.

Истовремено тие советуваат граѓаните во овие зимски денови да практикуваат повеќе здрава храна.

Да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или имаат настинка, односно кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура.

-Добро е почесто да се мијат рацете со вода и сапун или со дезинфекциско средство, да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат. Да се пијат топли напивки како што се чаеви и супи, овошни цедени сокови, вода со лимон-велат епидемиолозите и дополнуваат дека добро е да се консумираат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук кои му се неопходни на организмот.

Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц како што се цитрони, лимони, портокали, пиперка.

Лекарите препорачуваат во овие зимски месеци да се практикува здрав начин на живот и здрави навики, вклучително добар сон и одмор, но и одржување на физичката и психичката активност.

Болниците, поликлиниките и амбулантите ширум Македонија се преполни со граѓани заразени од грип и респираторни заболувања како последица на смогот и загадувањето. Годинава состојбата е поалармантна и данокот е поголем како последица на нестабилното време, нема доволно снег и ветер кои можат да го прочистат воздухот и да ја намалат концентрацијата на ПМ-10 честичките во воздухот.

Од ова сезонско заболување на удар се сите возрасти, но сепак и оваа сезона најголем број од заразените се деца и постари лица со слаб имунитет, потоа хронично болните и бремените жени.