Лекарите апелираат кога надвор е студено да се внесува храна која му помага на телото да ја задржи топлината

Се наоѓаме во период од годината кога температурите се ниски, а секој нареден ден се очекуваат да се спуштаат се повеќе. Надлежните апелираат до граѓаните како полесно да ги поминат овие денови, а особено лекарите, кои укажуваат на тоа, каква храна треба да се јаде.

Постои  храна која му помага на телото да ја задржи топлината. Тоа се зимското овошје и зеленчук.

Во зима е најдобро јадење на зимски зеленчук кој содржи многу витамини. Коренестиот зеленчук му помага на телото да ја задржи  телесната температура. Тоа се  растенија кои не созреваат брзо. На нивниот раст не им пречи ниту ветерот и мразот. Ситно сецкан коренест зеленчук може да се користи и како подлога за супа. Исто така зимскиот период е време кга организмот чуствува поголема потреба за месо и месни производи , отколку во лето. И месото содржи состојки кои му помагаат на телото да ја задржи топлината . Оние кои се љубители на салата, наместо зелената можат да користат коренести плодови како грав или влакнести растенија. Во тоа можат да додадат и месо.

Оние кои јадат риба можат слободно да ја консумираат зачинета со коренест зеленчук или компир наместо ориз.

Морков, цвекло , ротквици, компири , кељ , грав, никулци од жита и  зелка – зимска храна за одржување на топлината.