Лекарите алармираат на зголемена внимателност, со топлото време расте и ризикот од труења со храна

При високи температури многу побрзо се разможуваат и бактериите. Многумина сметаат дека со храна можеме да се отруеме само во ресторани, но истражувањата покажуваат дека труењата најчесто се случува во домовите.

Во следниот текст прочитајте на кој начин да го избегнете труењето со храна.

Најчести бактерии кои предизвикуваат труење се: салмонела, ешерихија коли, стафилокок и др.  Типични симптоми се гадење, повраќање и дијареа, сите овие симптоми можат да предизвикаат дехидрација, која во најтешките случаи може да биде опасна по живот. Во текот на летото, особено треба да се биде внимателен со храната и нејзиното чување.

-Бидете внимателни со храна која лесно се расипува, како: јајца, млеко, млечни производи, сирење, риба, отворена лубеница, зелена салата.

-Одржувајте го фрижидерот чист и сув. 

-Не ја топлете храната повеќе пати.

-Откако ќе го одмрзнете месото, не го замрзнувајте повторно

-Измијте ги рацете пред јадење или при подготовка на јадење

-Прочитајте рок на траење

-Доколку храната има остарен, необичен вкус, не ја јадете

-Храна со сомнителна боја, мирис и вкус треба да се фрли

-Не пијте стоена вода или вода со мраз во кафулиња. Во вода и сокови додадете неколку капки од лимон.

-Џемови, слатко и млечни производи кои имаат видлива мувла не се повеќе добри за јадење.

-Доколку се сомневате на труење со храна, обратете се на вашиот лекар.

-Месо, паштета, виршли и други месни производи секогаш чувајте ги во фрижидер.

-Измијте го овошјето или зеленчукот кои имаат кора.

-Користете различни даски за сечење на месо и зеленчук.

Доколку планирате подолг пат, се препорачува храната да се носи во рачни фрижидери кои треба да се одржуваат правилно. Во нив треба да се става само замрзната храна, а празните делови треба да се пополнат со кеси мраз. Фрижидерот треба да се чува на ладно место и да не се отвора често. Доколку немате фрижидер за патување, избегнувајте лесно расиплива храна: месо, јајца, млечни производи, носете житарки, овошје и зеленчук. Лицата кои патуваат во далечните земји со топла клима се изложени на поголем ризик од инфекција со микроорганизми. Затоа, пред секое такво патување се препорачува вакцинирање, во зависност од земјата во која се патува. Исто така треба да се внимава на водата, и да се избегнува мраз во вода, видејќи тој понекогаш може да биде создаден од загадена вода.

Повеќето од овие проблеми поминуваат без употреба на сложени медицински третмани. Главен третман е рехидратација, а се препорачуваат и билни чаеви. Не се препорачуваат диети, туку само полесна, готвена храна во првите неколку дена. Одлука за можна употреба на лекови треба да ја донесе лекар.