Лек против сите типови на цисти

Ова е рецепт кој се базира на примената на две главни состојки: алоето и алкохолот. По народните верувања се користи при лечење на цисти, малигни заболувања, астма, бронхит, ангина и запушување на крвните садови.

По сведочењата на оние кои имале проблеми со цистите, лекот помага во нивно отстранување по само две дози.

Во секој случај не би погрешиле ниту ако го користите како превентивна мерка и за подобрување и одржување на општото здравје.

Потребни состојки:

  • 500ml Медицински алкохол

  • 500g Домашен мед

  • 0,75l Црно квалитетно вино

  • 500g Кафе од цикорија

  • 150g Листови од алое вера

Листовите алое ги чистите од боцките и ги сомелувате во машина за месо или блендер. Останатите состојки само добро измешајте ги во еден сад, па на крај додадете ја смесата од мелени алое листови.

Потребна ќе ви биде тегла по можност од најмалку 3 литри за да можете да ги ставите сите состојки.

Теглата добро затворете ја и оставете ја на некое темно и ладно место да отстои 14 дена.

По отстојувањето процедете ја смесата со газа и течноста ставете ја во стаклено шише.

Течноста се пие најмалку 1 час пред оброците по 3 пати на ден и по 1 супена лажица.

Важно е желудникот да ви биде празен пред и по користењето на лекот.