Според една легенда од 19 век, на почетокот на времето, Вистината и Лагата биле на исто место и се сретнале.
Лагата ѝ рекла на вистината: „Колку е убав денов!“
Вистината погледнала во небото и воздивнала со олеснување, бидејќи денот навистина бил прекрасен.
И така Вистината и Лагата поминале некое време заедно и на крајот дошле до една река.
Лагата ѝ рекла на Вистината: „Водата е навистина убава, ајде заедно да се избањаме.“
Вистината, по малку сомничаво, ја проверила водата и сфатила дека водата навистина е супер.
Па така и двете се соблекле и почнале да пливаат.
Одеднаш, Лагата излегла од водата, ја украла облеката на Вистината и побегнала.
Лутата Вистина веднаш тргнала по неа, обидувајќи се да ја фати Лагата и да си ја земе облеката.
Луѓето ја гледале голата Вистина, ги тргале погледите од неа и веднаш ја осудиле затоа што е без облека и накит.
Кутрата Вистина исчезнала засекогаш, криејќи го својот срам.
Оттогаш, Лагата патува ширум светот облечена како Вистина, задоволувајќи ги потребите на општеството, затоа што очигледно е дека Светот, нема ни најмала желба да ја запознае голата Вистина.