Легендарниот Grandmaster Flash, вечерва настапува во Станица 26

Хип хоп легендата и некогашниот фронтмен на култните „Grandmaster Flash and the Furious Five“ пристигна во Скопје, каде вечерва, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26 ќе настапи со двочасовен диџеј сет.

Неговото прво настапување во Скопје е дел од големата турнеја „Hip-Hop: People, Places and Things“. Она што ќе го видиме е своевиден музички времеплов и едукативен час за се она што значи хип хоп од 70те години, па се до денес. Настапот е во организација на 3Гонга во соработка со SureShotz Entertainment. Како локална поддршка ќе настапат Shorty P & Irie Scratch.