Ледени хотели што нудат спа-третмани и риболов во соба (фото)

Најубавите ледени хотели во Европа и во Северна Америка на гостите им нудат рибарење од подот на собата, правење снежни топки, сауна, спа-програми, гуглање на лед, ноќевање во ледени соби, возење со електрични санки и многу други зимски авантури. Ледените хотели се архитектонско чудо, кои траат од декември до април, со исклучок на хотелот „365“ во шведското село Јукасјарви. Како што кажува името, достапен е во текот на целата година, има 20 апартмани и комплетно е еколошки.

„Ескимска вас“, Словенија

Ова не е хотел, но сепак е многу интересен. Станува збор за игло-бар, кој се наоѓа на Крањска Гора. Во него се служат колбаси и топол чај. Во текот на ноќта се внесуваат кревети прекриени со крзно и кој сака може да преноќи.

Снежниот замок „Кеми“, Финска

Дворецот од снежни блокови се гради шест недели веќе 19 години и секогаш има ист распоред со 21 соба. Уметниците секогаш во мразот вметнуваат и фигура од Заспаната убавица, а на столовите и на масите од мраз се служи топла супа или филе од риба. Дворецот има и капела, па овде често се одржуваат и венчавки.


Снежно село во Монтреал, Канада

Овде гостите се дочекуваат со ледени коктели, а самите можат да си изберат игло, обична соба или леден апартман, а можат да уживаат и во снежната спа-програма под ѕвезди. А мавање и правење снежни топки е дозволено и внатре. Секоја недела има огномети, филмски и диџејски вечери. Хотелот се топи дури во март.

Хотел од мраз, Романија

Езерото Балеа во Романија не е далеку, но овој хотел изграден на заледеното езеро изгледа како да е на крајот на светот. Во овие соби температурата е под нулата. Кому ќе му здосади скијање, лизгање или сноуборд, може да се пријави на натпревар во риболов, куглање на мраз или правење најголем снешко.

Киркенес, Норвешка

Во Норвешка постојат два ледени хотели, а Киркенес има најубава декорација од мраз. Во него се служат и пијалаци од локални шумски плодови, а друштво во барот прават и хаските, кои без проблем го издржуваат студот. За гостите се организира риболов низ подот во собите. А до другиот хотел „Сориснива“, кој се состои од игла, се стигнува со санки.