Лавовите сакаат се додека им давате внимание, Шкорпиите додека не почнете да чувате тајни од нив

Дали веруваме во вечна љубов и сродни души? Љубовта е моќна сила која е различна за сите хороскопски знаци.

Колку долго тие сакаат и дали веруваат во вечна љубов?

Овен – Додека сте им предизвик

Овните се војници во хороскопот. Тие се лидери кои се борат силно за тоа што им е важно. Тие исто така се и освојувачи. Ја сакаат играта и секогаш се борат за некој бидејќи тоа им дава адреналин.  Се додека вложуваат енергија во нешто и се предизвикани за тоа, нивната љубов постои и трае. Во спротивно, им станува досадно.

Бик – Додека не им го скршите срцето

Иако лесно е да повредите еден Бик, тие сепак веруваат во љубовта. Биковите се приземјени личности кои веруваат во љубовта и романсата. Да се стекне нивната доверба не е воопшто лесно. Тие не даваат пристап секому и се многу трпеливи за изборите кои ги прават, но штом ја стекнете нивната доверба можат да ве сакаат засекогаш.

Сепак, треба да бидете внимателни со нив. Не ги навредувајте и не ги повредувајте, бидејќи нивната љубов умира кога срцето ќе им биде скршено.

Близнаци – Додека не ги надмудрите

Близнаците се управувани од Меркур – планетата на комуникацијата и интелектот. Нивниот брилијантен ум работи мошне брзо и интересно. Тие брзо се заљубуваат, но и исто толку брзо се одљубуват. Сепак, ако се обидете да ги надмудрите или да играте игри со нив, љубовта престанува. Тие веднаш можат да го забележат тоа и ќе ве избришат од нивниот живот како воопшто да не сте постоеле.

Рак – Додека не ги оставите

Овој знак е управуван од Месечината што ги прави да бидат многу чувствителни личности. Тие многу ги ценат врските и љубовта. Близнаците се личности кои бараат емоционална сигурност кај партнерот. Ако ве сакаат и ви веруваат, ќе направат се за вас и нивната љубов тогаш е неограничена.

Ако сакате врска со еден Рак, треба да се потрудите тие секогаш да се чувствуваат сигурно и сакано. Ако забележат дека се дистанцирате од нив, тогаш ќе престанат да ве сакаат.

Лав – Додека им давате внимание

Лавовите се управувани од Сонцето, центарот на соларниот систем. Тоа ги прави да се чувствуваат дека се центарот на вниманието каде и да се појават. Тие се многу загрижени за својот имиџ и сакаат да бидат ценети и почитувани.

Доколку сте во врска со еден Лав, никогаш не ги навредувајте. Трудете се постојано да им давате внимание и да им овозможите да се чувствуваат како центар на светот.

Девица – додека не ги излажете

Девиците се деца на Меркур, тие се мајстори на критиките и вистината во зодијакот. Ако сакате брутална искреност, одете да позборувате со една Девица.

Тие се многу љубопитни за однесувањето на другите луѓе. Ја ценат искреноста повеќе од се и ако некогаш ги излажете, никогаш повеќе нема да ве погледнат.

Вага – додека не им го нарушите мирот

Тие се миротворци. Сакаат сите нешта во животот да се совршени и подготвени се да ја жртвуваат љубовта доколку им го нарушите мирот и балансот за кој се трудат силно да го изградат.

Вагите се дипломати кои ќе направат да се чувствувате како се да е ваша одлука, иако тоа нема да биде така. Тие сакаат да живеат во совршен свет кој е воден според нивни правила и не сакаат никој да им го нарушува тоа што го имаат.

Шкорпија -  додека не почнете да криете нешто од нив

Кога Шкорпиите се во врска, тие сакаат со целото свое срце. Тие ги сакаат и прифаќаат луѓето онакви какви што се – со своите маани и доблести. Тоа што Шкорпиите највеќе го ценат е искреноста. Можат многу да ве сакаат ако сте искрени со нив и многу да ве замразат ако дознаат дека чувате некоја тајна од нив.

Бидете внимателни.Можат да простат, но никогаш нема да заборават.

Стрелец -  се додека не сте песимисти

Стрелците се авантуристи кои го сакаат животот. Тие сакаат партнер кој верува во нив и во нивните замисли.Тие се дете на Зевс (Јупитер) и можат многу да се налутат ако почнете да внесувате негативност во нивниот живот.

Сакаат надеж во нивниот живот и никогаш не би сакале да бидат со партнер кој им го уништува тоа.

Јарец – се додека не се откажете од нив

Јарците се личности со топло срце кои ќе направат се што можат да една врска да успее. Тие се заљубуваат во луѓе на кои можат да им се восхитуваат. Ако забележат дека некој почнува да се откажува од нив, ќе заминат и нема да погледнат назад.

Ако сте во врска со еден Јарец, не се откажувајте од своите интереси. Да ја задржите својата автентичност е најважно за да бидете сакани од нив.

Водолија – се додека не почнете да наликувате на некој друг

Водолиите се заљубуваат во личност која е уникатна. Тие мразат обични нешта и луѓе. Ако сакате да ги задржите во својот живот, бидете уникатни. Не се обидувајте да бидете како другите луѓе. Останете специјални и уникатни. Така ќе ве сакаат засекогаш.

Риби – се додека не им ги уништите соништата

Рибите се личности кои сакаат многу да сонуваат и да идеализираат. Тие сакаат до себе личност која ги поддржува и им помага да ги остварат своите соништа. Ако некој им каже дека нивните соништа не се вистински, за нив љубовта умира. Бидете внимателни со нив.